Volvo и Nvidia развиваат компјутер со вештачка интелигенција

Компјутер со вештачка интелигенција (AI) за следната генерација автомобили подготвува шведската компанија Volvo заедно со Nvidia. Базиран на технологијата „Nvidia Drive AGX Xavier“, компјутерот ќе им овозможи на Volvo да имплементира AI во идната автомобилска платформа Scalable Product Architecture 2 (SPA 2).

Минатата година, Volvo и Nvidia започнаа работа на заеднички системи и развој на софтвер за полуавтономни возила. Новата технологија ќе ги искористи постигнувањата на Nvidia во областа на вештачката интелигенција и ќе му овозможи на Volvo да го преземе следниот сериозен чекор кон имплементација на напредни системи за помош на возачот и опции за персонализација во возилото.

Првиот автомобил со новиот компјутерски систем ќе се појави во почетокот на следната деценија, соопштија од компанијата. Додавањето на можности за 360 степени перцепција и систем за мониторинг, иновациите ќе им овозможат на Volvo да промовира целосно безопасни автономни автомобили.

Идната SPA 2 платформа е следната генерација на популарната SPA платформа која е во основата на сериите 90 и 60 на Volvo, претставени во последните неколку години и кои придонесоа за најголемиот оперативен и финансиски пресврт во компанијата од 2010 година наваму.

SPA 2 ќе ги искористи постојните платформи, додавајќи технологии од следната генерација, поврзани со електрификација, поврзување и автономно управување. „Volvo Cars“ разви стратешки односи со трети страни за да го забрза процесот на воведување нови технологии во автомобилската индустрија, соопшти компанијата.

реклама

Авто новости

Tesla го претстави обновениот Model 3 Performance со 517 КС

Read more

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Read more

Xiaomi со амбициозна цел: 100.000 испорачани SU7 во 2024 година

Read more

Не е грешка: Dacia Duster носи ознаки на Renault

Read more
 

Автомобили

  • filter

Tesla го претстави обновениот Model 3 Performance со 517 КС

Читај повеќе
  • filter

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Читај повеќе

Xiaomi со амбициозна цел: 100.000 испорачани SU7 во 2024 година

Читај повеќе
  • filter

Не е грешка: Dacia Duster носи ознаки на Renault

Читај повеќе
  • filter

Defender Octa: Тенк на терен, ракета на пат

Читај повеќе

Новиот хиперавтомобил на MG забрзува до стотка за 1,9 секунди

Читај повеќе
  • filter

Врвна прецизност и динамика: претставен новиот Cayenne GTS

Читај повеќе

Дали амонијакот може да биде алтернатива на фосилните горива?

Читај повеќе

Богати до небо: Колку заработува автомобилската индустрија?

Читај повеќе