Вонредна состојба кај Тел Авив: Ескалираме кон целосна војна

Израел рано утринава изврши стотици воздушни напади врз Газа, додека палестинските милитантни групи истрелаа ракети кон Тел Авив и Бершева.

„Престанете да пукате веднаш. Ескалираме кон целосна војна. Лидерите на сите страни треба да преземат одговорност за деескалација“, порача на Twitter пратеникот на ООН за Блискиот Исток, Тор Венесленд.

„Цаната на војната во Газа е поразителна и ја плаќаат обичните луѓе. ООН работи со сите страни за да се врати мирот. Запрете го насилството веднаш“, напиша Венесленд.

Прогласена е вонредна состојба во израелскиот град Лод, недалеку од Тел Авив, пренесува BBC.

URL

Сирените за воздушен напад се огласија во Тел Авив рано утрово, изјави сведок на Reuters.

Избувнаа неколку експлозии, само неколку минути откако Хамас објави дека истрелал повеќе од сто ракети кон Тел Авив, како одговор на израелските воздушни напади врз палестинската крајбрежна енклава.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во вторникот вечерта рече дека нападите врз Газа ќе се интензивираат, а од понеделник ќе бидат насочени околу 500 позиции на Хамас и исламски џихад.

„Оваа операција ќе потрае, но ние ќе им ја вратиме безбедноста на граѓаните на Израел“, вети Нетанјаху.

Портпаролот на Хамас, Фаузи Бархум изјави дека Хамас нема да се повлече и ќе возврати на секој израелски напад.

URL

Расте бројот на цивилни жртви

Министерството за здравство на Газа вчера соопшти дека 32 Палестинци биле убиени, но радиостаница поврзана со Хамас подоцна соопшти дека израелскиот воздушен напад врз стан над ресторан убил уште три лица, вклучувајќи жена и дете.

Израелската служба за итни случаи Маген Давид Адом објави дека 50-годишна жена е убиена во ракетен напад врз зграда во Ришон Лезион во близина на Тел Авив, и дека уште две жени се убиени во ракетниот напад на Ашкелон. Две лица загинаа во градот Лоѓ, откако ракета погоди возило. Израелските медиуми пишуваат дека меѓу жртвите има и седумгодишно девојче.

URL

Насилството започна во понеделникот кога палестинските милитанти го ракетираа Ерусалим, а израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху предупреди дека милитантите ќе платат „многу тешка“ цена за тоа.

Палестинските милитантни групи во заедничкото соопштение велат дека биле истрелани ракети кон Израел во знак на протест против судирите меѓу палестинските верници и израелската полиција во џамијата Ал-Акса во источен Ерусалим.

Воената ескалација меѓу Хамас и Израел се зголеми вчеравечер, кога исламистичкото движење Хамас ја поплави израелската метропола Тел Авив со дожд од ракети, а израелската армија возврати со воздушни напади на Појасот Газа.

Меѓународната заедница повика на мир, а муслиманските земји изразија негодување за најсилниот пораст на насилството во последните неколку години помеѓу исламистичкото движење на власт во појасот Газа и еврејската држава поттикнати од конфликти во источен Ерусалим.

URL

Запалена синагога

Синагогата во близина на израелскиот аеродром Бен Гурион беше запалена во вторникот, поради судири меѓу арапски и еврејски жители, јавија локалните медиуми.

Арапските жители наводно сквернавеле синагога во градот Лод, на 15 километри југоисточно од Тел Авив и ја запалиле. Запалени се десетици автомобили и искршени се излози на продавници.

Градоначалникот на Лода, Јаир Ревиво зборуваше за „граѓанската војна“ и повика на воведување на полициски час веднаш. Сериозни конфронтации имало и во Акра во северен Израел и во Јафа кај Тел Авив.

URL

Состанок на Советот за безбедност на ООН

Советот за безбедност на ООН во среда ќе одржи вонреден состанок во врска со израелско-палестинскиот конфликт.

Состанокот беше инициран од Кина, Тунис, Норвешка, Франција, Естонија, Ирска, Свети Винцент и Гренадини, Нигер и Виетнам, откриваат дипломатите.

На претходниот состанок во понеделникот, Советот за безбедност на ООН не успеа да се договори за заедничка изјава.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Свет

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Read more

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Read more

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Read more

Над 100 кг кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија

Read more
 

Вести

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Читај повеќе

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Читај повеќе

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Читај повеќе

Османи победи во Торонто

Читај повеќе

Ганиу до Груби: Терапијата ти ја препишува д-р Арбен, ќе ја примиш на 8 мај

Читај повеќе

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Читај повеќе
  • filter

Во прв круг за претседател е избран само Глигоров со 715.087 гласа, Силјановска и Пендаровски по вторпат во втор круг

Читај повеќе

Над 100 кг кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија

Читај повеќе

Лукашенко: Украина набргу ќе престане да постои ако не се согласи на преговори

Читај повеќе