Вонредната состојба не треба да се продолжи, нема потреба ни од дополнителни мерки, смета Филипче

Полицискиот час на некој начин е модифициран и засега нема потреба да се воведуваат дополнителни мерки од тие што се сега како активност на терен, смета министерот за здравство Венко Филипче, додавајќи дека сепак ќе ги следат секојдневните податоци и ќе се анализираат податоци од епидемиолошките анализи.

– Сметам дека нема потреба од менување на стратегијата за справување со пандемијата со COVID-19, таа е добра, таа се надградува врз основа на карактеристиките, на бројот на луѓето, на кластерите, географската положба на местото и така натаму, како и распределбата и контактот помеѓу кластерите. Во таа смисла има некои генерални и општи мерки, но има и некои специфични мерки. Пример во Штип беа затворени конфекциите заради тоа што од тука потекнуваа (заболените) и беше проблематичен транспортот. За кластерите што потекнуваат од семејни настани и непочитување на мерките, и така и се пристапува, се идентификуваат тие контакт во рамките на кластерите и контактите помеѓу кластерите, за што податоци влечеме од епидемиолошките прашалници, изјави министерот Филипче.

Воедно тој додаде дека не треба да има продолжување на вонредната состојба, односно истакна дека поинтензивна контрола на носењето маски и спречување на групирањето, посебно во вечерните часови, ќе даде резултати. 

Секој настан организиран според протоколите не претставува ризик за граѓаните, смета Филипче

Министерот за здравство изјави дека било кој настан, вклучувајќи ги и изборите, доколку е организиран според протоколите и препораките на Комисијата за заразни болести, не претставува ризик по граѓаните.

– Сè што ќе се одржи и ќе се придржуваат луѓето и организаторите до протоколите апсолутно не е ризик. Ние мора да научиме да живееме така. Така е во целиот свет. Во цел регион има пораст на случаите. Може ќе дадам една изјава, ќе ја кажам со резерва и може е преуранета, но мислам дека ние први изреагиравме, рече Филипче.

Истакна дека сите новодијагностицирани пациенти се последица на тоа што не се почитувале протоколите.

– Жално е што има организирано настани кај што се кршат сите препораки дадени од страна на Комисијата. Има епидемиолошка, но и медицинска логика зошто се тие дадени, нагласи  Филипче.

Во однос тоа дали Комисијата за заразни болести одговорила на дополнителните прашања на Државната изборна комисија за заштита на граѓаните за време на избори и колку заштитни маски и средства за дезинфекција ќе треба да се набават, Филипче рече дека има доволно количини на заштитни средства и оти е одговорено на сите дополнителни прашања на ДИК.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Македонија

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Read more

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Read more

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Read more

Спречен атентат врз Зеленски

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе