Обложувалницата „Златна Копачка“ на ул.„Лазо Трповски“ во Скопје вчера во околу 15 часот била ограбена од непознато лице вооружено со пиштол.
Било извршено разбојништво над вработениот при што биле одземени околу 100.000 денари.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот како и целосно расчистување на случајот, додаваат од МВР.