Свет

Вооружен напад во Канада: Двајца полицајци се мртви, полицијата предупредува дека напаѓачите се во бегство

10. август 2018 - 15:50 | МИА/КАЈГАНА

Отава, 10 август 2018 (МИА) - Канадската полиција соопшти дека привела едно лице по воружениот напад во градот Фредериктон во кој загинаа најмалку четири лица.

Двајца од загинатите се полицајци, потврдија службите.

Квартот Бруксајд, каде се случи нападот, е блокиран. Полицијата побара од граѓаните да не ги објавуваат на социјалните мрежи локациите каде се наоѓаат полициските сили.

Граѓаните исто така се предупредени да не ги напуштаат своите домови бидејќи останатите осомничени напаѓачи се во бегство и ситуацијата е „активна“.

Во реонот каде се случи инцидентот покрај приватни домови има и неколку деловни објекти. Полицијата уште не соопштува детали за инцидентот.

Во Торонто минатиот месец маж уби две лица и повреди 13, а потоа се самоуби.

Коментирај