Восочна фигура со ликот на кралицата Елизабета ги збуни обожавателите пред лондонската болница

Восочна фигура со ликот на кралицата Елизабета Втора стана хит на интернет, откако се појави во црно такси пред болницата Lindo Wing, во која се породи Кејт Мидлтон.

Пред болницата имаше многу луѓе кои чекаа војвотката од Кембриџ и сопруга на британскиот принц Вилијам, Кејт Мидлтон, да се појави за прв пат во јавноста со своето ново бебе.

На прв поглед сите помислија дека станува збор за вистинската кралица Елизабета Втора, бидејќи восочната фигура е навистина убедливо направена.

„Восочна фигура од кралицата Елизабета Втора токму сега помина пред болницата во црно такси, што ја изненади и насмеа јавноста“, пишуваат британските медиуми.

Набргу после ова, се појавија бројни објави на социјалните мрежи, на кои главна тема беше восочната фигура со ликот на кралицата Елизабета.

За потсетување, Кејт беше сместена во приватниот дел од болницата познат и како Lindo Wing,  каде веќе ги роди принцот Џорџ и принцезата Шарлот.

Од Кенсингтонската палата соопштија дека ќе го откријат името на новиот принц кога ќе биде „вистинското време за тоа“.

Јавноста тврди дека кралскиот пар ќе му го даде името Артур, а тоа име е фаворит и во обложувалниците.

Синот на Вилијам и Кејт се роди три недели пред свадбата на принцот Хари и поранешната актерка Меган Маркл.

реклама

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Живот

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Најскапите намирници во светот: Треба да потрошите вистинско богатство за нив

Read more

5 причини зошто треба да го ограничите времето што децата го поминуваат пред екрани

Read more
 

Магазин

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Читај повеќе

Историски заблуди

Читај повеќе

5 совети како да го разгорите повторно вашиот сексуален живот

Читај повеќе

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Читај повеќе
  • filter

Најскапите намирници во светот: Треба да потрошите вистинско богатство за нив

Читај повеќе

Рецепт на денот: Јагнешки бут зачинет на грчки начин

Читај повеќе

Зошто никогаш не треба да го резервирате седиштето 11А во авион?

Читај повеќе

Пет причини зошто треба почесто да јадете тиквички

Читај повеќе

5 причини зошто треба да го ограничите времето што децата го поминуваат пред екрани

Читај повеќе