Возач од Македонија уапсен во Албанија пoради шверц на гуми

Тирана, 17 ноември 2018 (МИА) – Албанската полиција уапси девет лица, меѓу нив и еден македонски државјанин и петмина цариници од преминот Ќафасан на албанско-македонската граница кај Струга, поради шверц на употребени гуми за возила.

Македонскиот државјанин Стојмир Тренески (42) од Охрид, кој управувал со камион натоварен со 2.100 гуми, бил запрен на патниот правец Подградец-Малиќ, во близина на селото Собјан, откако го минал граничниот премин и ги растоварал гумите во магацин на лицето Петраќ Димко (54). Нарачател на стоката бил Едмонд Кодра (61) од Собјан.

Уапсените цариници од преминот Ќафасан, Стефан Хила (50), Анести Тушинка (40), Илир Спахиу (44), сите од Подградец, Лефтер Дурај (64) и Микел Гоџарај (41) и двајцата од Тирана, ќе одговараат за злоупотреба на службената положба, бидејќи дозволиле влез на камионот без потребата царинска процедура. Деветтото уапсено лице е Келти Ристани(42) од Подградец, царински агент на компанија која имала своја царинска испостава на преминот.

Истрагата продолжува со цел откривање на други лица вмешани во овој случај. Албанската полиција во расветлување на случајот соработува со македонските колеги.

реклама

Хроника

ОЈО Делчево истражува обид за изборен поткуп со бесплатно вградување водомери

Read more

Приведен охриѓанец кој го фотографирал гласачкото ливче

Read more

Тетовец ја држел затворена снаата и физички ја повредувал

Read more

Исчезна 17-годишник од установа за згрижување деца во Карпош

Read more
 

Вести

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ поска среќа во вториот круг

Читај повеќе

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Читај повеќе

Силјановска Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Читај повеќе

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Читај повеќе

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт

Читај повеќе

Левица: Проблеми со фингерпринтот во Куманово, Ѓорче Петров, Аеродром, доцнење на гласачкиот процес и нерегуларности во избирачкиот список

Читај повеќе

Европски фронт: Очекуваме голема, историска победа, тоа го потврдуваат информациите од терен

Читај повеќе

Две лица од Скопје го искинале гласачкото ливче, неколкумина го фотографирале

Читај повеќе
  • filter

Максим Димитриевски: Народот одлучува за иднината на Македонија

Читај повеќе