Вчера во 20 часот на улица „Јордан Мијалков“ се случила сообраќајна незгода во која учествувавале патничко возило и велосипед.
Возачот на автомобилот „пежо“ со скопски регистарски ознаки, Д.Д.(38) од Скопје, удрил во велосипедистот П.И.(45) од Скопје и по несреќата го напуштил местото на настанот.
Во инцидентот велосипедистот се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош.
Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.