Струмица, 31 октомври 2019 (МИА) – Засега непознат возач, кој управувал автомобил марка „сеат“, вчера во селото Подареш, радовишко, удрил во мотоциклист и пешак и им нанел тешки телесни повреди по што го напуштил местото на незгодата, соопштија од СВР Струмица.
Непознатото лице се движело со автомобил по улица во селото и одеднаш преминало по тротоарот по што удрил во мотоцикл „хонда“, кој бил застанат на тротоарот. Во тој момент таму биле лицето В.А. (65) и пешакот С.М. (58), двајцата од село Подареш.
Повредените се пренесени на лекување во Клиничкиот центар во Штип, а полицијата презема мерки за пронаоѓање на возачот и возилото.