Возачи, што не смеете да правите во услови на магла?

Снег, мраз, голомразица, но и намалена видливост поради густата магла, се условите кои го отежнуваат нормалното одвивање на сообраќајот во зимските месеци.

Појавата на магла се карактеризира со намалена видливост на патот, што ја намалува ориентацијата во просторот, возачот има погрешна проценка за оддалеченоста со другите возила, а поради изразената влага во атмосферата доаѓа до лош контакт на гумите со подлогата. Видливоста на патот, пак, е условена од густината на маглата, замаглувањето и наросувањето на ветробранското стакло, како и од распрскувањето на светлосните зраци од сопственото возило и од возилата кои доаѓаат од спротивен правец.

Ваквите услови и временски прилики од возачите бараат посебна внимателност и прилагодена брзина на возење. Токму затоа е многу важно да не заборавате дека возењето во услови на магла многу се разликува од возењето во вообичаени услови на патот. Без разлика на вашето возачко искуство, тоа подразбира исклучителна внимателност кога се приклучувате во сообраќај, за ваша лична безбедност, но и за безбедноста на останатите учесници во сообраќајот.

Ви наведуваме неколку потези што не смеете да ги правите како возач во услови на магла

Не се ориентирајте по задните светла на возилото пред вас

Опасно е да се ориентирате по задните светла на возилото пред вас, бидејќи во случај на густа магла тоа значи дека не го почитувате правилото за безбедно растојание. Колку изнесува безбедното растојание од возилото пред вас? Тоа е растојанието што го минувате со автомобилот при моментната брзина, за време од две секунди.

Ако видливоста е многу влошена, намалете ја брзината и вклучете ги задните светлата за магла. Не го правете тоа во случај на блага магла бидејќи така само ги заслепувате возачите зад вас. Пожелно е да ги вклучите и предните светла за во случај на магла кои се корисни и во случаи на силен дожд или снег. Во случај на радикално намалување на брзината, вклучете ги сите четири трепкачи.

Во случај на магла користете ги кратките светла бидејќи маглата делува како огледало и долгите светла може да ве заслепат.

Не возете со вообичаената брзина

Ако вообичаениот пат го возите секогаш со истата брзина (дозволена за на тој пат), во услови на магла не важат истите правила. Брзината на движење прилагодете ја пропорционално со намалената видливост на патот, односно возете со брзина со која ќе можете да застанете пред која било препрека што ќе ја забележите.

Не забрзувајте нагло и не успорувајте нагло, не правете нагли промени на правецот на движење и најважно: не кочете нагло!

Никогаш не паркирајте на пат во услови на магла

Избегнувајте да престигнувате и да запирате на отворен пат, особено во услови на магла. Ако запирањето е неопходно, поставете соодветна сигнализација за одбележување на возилото. Сигнализацијата поставете ја на поголемо растојание од она на кое би ја поставиле во нормални услови.

Ако учествувате во сообраќајна незгода во услови на густа магла а притоа не ви се вклучени светлата за магла тоа може да влијае на вашата можност да ги искористите вашите права од осигурувањето на возилото.

Не тргнувајте на пат освен ако не е навистина неопходно

Доколку не постојат услови за безбедно одвивање на сообраќајот едноставно прекинете го патувањето или одложете го за друг пат кога ќе постојат соодветни услови. Маглата обично се спушта рано наутро и навечер, особено околу областа во близина на реките и езерата. Значи, ако можете да изберете, обидете се да избегнете возење во тоа време од денот.

Не ги потценувајте условите на патот

Кога е многу студено и маглата се спушта, сметајте на тоа дека маглата лесно и многу брзо замрзнува на патот, така што за само еден момент површината може да стане многу лизгава. Затоа, кога возите по магла и лизгави патишта, управувајте го возилото без ненадејни и избрзани движења.

Не го чепкајте телефонот

Ова не е препорачливо однесување зад воланот и во идеални услови, но во услови на магла возењето бара уште поголема концентрација и внимание. Значи, телефонот користете го само за итни повици и тоа со hands free опција, не читајте и пишувајте пораки, не гледајте видеа, не скролајте на социјалните мрежи. Сето тоа може да почека до завршувањето на вашето патување.

реклама

Tрите девојки кои Хамас ги држеше повеќе од година во заложништво се соединија со своите мајки

Read more

Три промени во компирот откриваат дека не е безбеден за јадење

Read more

Израелски медиуми: Хамас им даде торби со подароци на ослободените жени

Read more

Французинката која лажниот Бред Пит ја измами за 830.000 евра сега е бездомничка

Read more

Авто новости

Audi 80: Дискретниот предок на Audi A4 спасен од Volkswagen

Read more

Porsche го претстави најмоќниот 911 Carrera S

Read more

Колку би чинел еден Стоеден денес?

Read more

Каде во Европа се возат најстари возила?

Read more
 

Автомобили

Audi 80: Дискретниот предок на Audi A4 спасен од Volkswagen

Читај повеќе
  • filter

Porsche го претстави најмоќниот 911 Carrera S

Читај повеќе
  • filter

Колку би чинел еден Стоеден денес?

Читај повеќе

Jaguar XJ220 доби модерно преуредување

Читај повеќе

Каде во Европа се возат најстари возила?

Читај повеќе

Tesla им го предаде престолот на Кинезите

Читај повеќе

Во кој европски град најмногу се заглавува во сообраќај?

Читај повеќе
  • filter

Нов кинески SUV ќе ја освојува во Европа: Вози речиси 1000 км со едно полнење

Читај повеќе

Речиси сите нови автомобили продадени во Норвешка во 2024 година беа електрични

Читај повеќе