Возачи, внимателно: Удобности во автомобилот од кои страдаат мочниот меур и простатата

Седиштата во некои возила имаат неколку степени на греење и ладење, а претерувањето може да предизвика хронични проблеми.

Заедно со кожните седишта во денешните модели, по правило доаѓа и греењето, функција која особено ја цениме во зима. Благодарение на греењето на седиштата, ќе се загрееме пред да се загрее кабината на возилото.

Нешто поретко, автомобилите (најчесто оние од висока класа) нудат и можност за ладење, односно вентилација на седиштата.

Покрај пријатното чувство во летните и зимските месеци, може да има и долготрајни непријатности кои ќе ги лекувате со години. Уролозите најдобро знаат што е тоа, без разлика дали се работи за мажи или жени.

На пример, не е добро постојано да дувате ладен воздух од вентилацијата за време на долго патување. Оние кои имаат проблеми или сакаат да ги избегнат, ќе стават ќебе или маица преку нозете и другите чувствителни делови од телото за да го заштитат мочниот меур, а мажите за да ја заштитат простатата.

Покрај вентилација/клима, многу модели имаат седишта со дополнителни функции, како што се греење и ладење. Иако се работи за пријатни додатоци во автомобилот, кои ја зголемуваат удобноста при возењето, последиците можат да бидат тешки и трајни, доколку претерате со нивната употреба, што го потврдуваат и уролозите.

Некои седишта во возилата имаат неколку степени на греење и ладење, а претерувањето може да предизвика хронични заболувања. На пример, ладењето на седиштето може да предизвика болести како што е простатитис.

Значи, сите кои имаат проблеми со хронично воспаление на простатата мора да внимаваат кога користат ладење на седиштата и климатизација. Простатата не трпи да патувате 10 часа без никаков прекин и да не уринирате.

Препораката на урологот е да се прави пауза за да се оди во тоалет барем на секои два часа. Секако, тоа ќе биде добро и за целото тело - 'рбетот, нозете, рацете, вратот, циркулацијата на крвта, мозокот…

Од друга страна, загревањето на седиштата може да има благотворно дејство и добро да влијае на мочниот меур и простатата, но треба да внимавате и на интензитетот на загревањето, бидејќи се знае дека високата температура не е добра за тестисите.

Покрај тоа, високите температури во нашето тело може да доведат до потење, а кога се спојат влажното и топлото, резултатот често се осип и појава на габична инфекција. Доколку веќе имате мали ранички на телото, а потоа загревањето на седиштето предизвикува потење, големи се шансите да ја влошите ситуацијата.

Габична инфекција може да се појави и да се влоши во некои ткива и набори на телото.

Поради сето горенаведено, греењето и ладењето на седиштето треба да се користат разумно и умерено.

реклама

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Како би изгледала Европа ако светското море се подигне за 100 метри?

Read more

Тешка недела: Финансиски хороскоп за секој знак од 15 до 21 април

Read more

Што се случува во телото ако редовно јадете темно чоколадо?

Read more

Авто новости

Најпродаваниот модел на BMW добива наследник

Read more

Дали жените се повнимателни возачи од мажите?

Read more

Peugeot конечно го покажа тајниот прототип 208 Cabriolet

Read more

BMW со првите фотографии го најави претстојното доаѓање на новиот X3

Read more
 

Автомобили

  • play_arrow
  • filter

Најпродаваниот модел на BMW добива наследник

Читај повеќе

Дали жените се повнимателни возачи од мажите?

Читај повеќе
  • filter

Peugeot конечно го покажа тајниот прототип 208 Cabriolet

Читај повеќе

BMW со првите фотографии го најави претстојното доаѓање на новиот X3

Читај повеќе

Стокец од 10.000 евра!

Читај повеќе
  • filter

Погледнете го единствениот Lanzante McLaren Senna GTR LM 25 во светот

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Мал, но моќен: Поздравете го потполно електричниот мал SUV Volvo EX30

Читај повеќе
  • filter

Porsche Panamera, Audi Q8 и Volkswagen ID.7 се победници!

Читај повеќе
  • play_arrow

Бензин, дизел или хибрид: Кое е најбрзото BMW од Серија 3?

Читај повеќе