Возачите на Формула 1 трепкаат на истите „безбедни“ места на патеките

Ф1
Ф.З.
/ 23.05.2023 / 11:30

Колку е важен секој момент за време на трките на патеката и возењето со голема брзина, прилично добро покажуваат податоците од новото истражување.

Трепкањето е природен и брз рефлекс кој човек не го ни забележува, но за возачите на Формула 1 кои возат со брзина поголема од 350 км/ч, едно трепкање значи губење на видот од речиси 20 метри. Со оглед на тоа дека човек трепка и до 30 пати во една минута, може да се процени дека возачот би губел околу 595 метри визуелни информации во минута само поради трепкање.

Сепак, се чини дека Ф1 возачите трепкаат на истите делови од патеките во текот на секој круг и на најмалку опасни делови за „губење на видот“, се вели во извештајот во магазинот Science News.

Remote video URL

Ова откритие го потпишува научникот Риота Нишизоно, кој го спровел истражувањето заедно со своите колеги во Јапонија. Тој е поранешен професионален велосипедист кој има искуство во проценка на односот помеѓу брзината и трепкањето.

Забележал значителна празнина во литературата кога станува збор за трепкањето кај активните луѓе, и покрај тоа што во екстремни услови како што е тркањето, дури и мала грешка може да биде опасна по живот.

Во соработка со тркачки тим, Нишизоно кацигите на тројца возачи ги опремил со тракери за очи, по што извозеле вкупно 304 круга на три патеки.

Remote video URL

Научниците откриле дека возачите не трепкале кога ја менувале брзината или насоката, туку тоа го правеле на релативно „побезбедни“ рамни делови од патеката.

Џонатан Матис, научник од Универзитетот Нортистерн во Бостон, кој го проучува човечкото движење и не бил вклучен во истражувањето, вели дека тоа дава некои клучни сознанија за човечкото однесување.

„Луѓето не го мислат трепкањето како нешто посебно, но тоа не е само 'бришење' на очите, тоа е дел од нашиот визуелен систем“, објаснува Матис.

Тагови
реклама

Едно овошје е број еден за намалување на крвниот притисок

Read more

Решението за лошиот здив од лукот стои во фрижидерот

Read more

Зошто археолозите стравуваат да ја отворат гробницата на првиот кинески император?

Read more

Апасиев: Убиецот на Ибе Паликуќа сега има улица во Скопје

Read more

Ф1

Хамилтон пред Јапонското ГП: Се надевам Ред Бул нема да биде 30 секунди пред сите

Read more

Расел: Грешка од 1 сантиметар го расипа целиот викенд

Read more

Фетел: Не исклучувам враќање во Ф1

Read more

Саинс: Ферари беше побавен од дури пет тима во Зандворт

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Роналдо не доби пенал, па му се налути на судијата

Читај повеќе

Капело објасни зошто Јувентус има предност во трката за Скудетото

Читај повеќе

Дрес од МЗТ за градоначалникот на Њујорк, Ерик Адамс

Читај повеќе

И Интер добива сопственик од Блискиот Исток?

Читај повеќе

Хамилтон пред Јапонското ГП: Се надевам Ред Бул нема да биде 30 секунди пред сите

Читај повеќе

Невидена доминација на Интер над Милан во 2023 година

Читај повеќе
  • play_arrow

Онана направи нов кикс, па се извини: Јас сум крив што загубивме од Баерн

Читај повеќе

Дембеле синоќа постави срамен рекорд во Лигата на шампионите

Читај повеќе

Зад голот на голманот на Лацио се крие интересна приказна

Читај повеќе