Наука

Возење во метрото на Елон Маск ќе чини само 1 долар

18. мај 2018 - 15:53 | К.З.

На Елон Маск му е здосадено од метежот во Лос Анџелес. Всушност, на Маск му е здосадено од метежот било каде, па поради тоа тој гради тунел во кој ќе се патува со супербрза кабина и ќе се избегне сообраќајниот метеж.

The Boring Company веќе работи на тунелот а Маск вели дека неговиот Hyperloop систем ќе им помогне на голем дел од градовите во САД околу проблемот со метежот.

Наместо да се работи на изградба на нови патишта и паркинзи или пак да се инвестира во „напредната технологија“ на Uber која ветува летечки такси возила во иднина, Елон Маск реши да копа длабоко за да го најде решението за проблемот со сообраќајниот метеж. Буквално подлабоко, околу 20-30 метри под површината.

Маск најави дека неговиот Hyperloop ќе може да ги лансира патниците со брзина од 240 км/ч а цената на билетите е најдобрата вест во сето ова, бидејќи возењето со него ќе чини само 1 долар.

Hyperloop ќе опфаќа стотици станици низ САД кога ќе биде целосно завршен проектот, а ќе функционира на тој начин што еден лифт ќе ве спушти до кабината на вашата почетна станица, додека друг лифт ќе ве крене назад на површината кога ќе стигнете на посакуваната дестинација.

Градското метро на Лос Анџелес во моментов соработува со Елон Маск и The Boring Company, па решија да му дозволат на модерниот гениј да направи 4-километарски тест-тунел каде ќе бидат испробани можностите на hyperloop-от.

Според Маск, кабините ќе можат да пренесуваат по 16 патници одеднаш, а големо олеснување за метежите е што подземните тунели можат да бидат изградени еден до друг во огромен број. Во врвот на моќта, Hyperloop ќе може да патува од Сан Франциско до Њујорк (4.690 километри) за само 35 минути.

Коментирај