Македонија

Возете внимателно - сообраќајот се одвива по влажни коловози и остатоци од снег

26. јануари 2019 - 9:34 | МИА

Сообраќајот на државните патишта утрово се одвива по влажни коловози, со остатоци од кашест снег на коловозот. Дел од забраните за сообраќај на тешки товарни возила кои без воведени ноќеска се укинати, дел остануваат на сила, информираат од Македонија Пат.

Снегот што врнеше синоќа и ноќеска предизвика проблеми во сообраќајот, особено на планиниските превои, каде беа воведени забрани за движење на тешки товарни возила.

Утрово од 06:40 часот е укината забраната на патниот правец Велес-Катланово, од 07:15 часот на патниот правец Крива Паланка – Деве Баир , а од 07:10 часот е укината и забраната за сообраќај на тешки товарни возила и на планинските превои Ѓавато и Буково.

Забрани за тешки товарни возила има на патот Маврово – Дебар, Дебар – Струга, Кичево – Охрид преку планинскиот премин Пресека, крак Стража-Кичево, Македонски Брод – Прилеп преку планискиот премин Барбарас,  Прилеп-Градско преку планнискиот премин Плетвар и Тетово-П.Шапка каде има забрана и за автобуси.

На одредени патни правци кои поминуваат низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони. Од ЈП Македонија пат апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината  спрема условите на патот.

Коментирај