Возилото на иднината: Роботското такси OnePod на Volkswagen

Германскиот автомобилски гигант се приклучи на растечката група на производители кои ја гледаат урбаната мобилност на иднината во автономни повеќенаменски електрични возила.

Дали на таксистите ќе се гледа како на професија која постоела во минатото?

Многу светски автомобилски компании, но и ИТ гиганти, веруваат дека самоуправувачките електрични автомобили треба да бидат во сржта на урбаната мобилност во наредните децении.

Сега им се придружи Volkswagen, кој го претстави концептот на автономна роботика наречен OnePod на настанот DRIVE. Volkswagen Group Forum.

Неговата главна цел е да го направи автономното возило достапно on demand.

Концептот е сличен на некои веќе видени, како оној што го користеше лутиот ривал на Volkswagen, Toyota, на Олимпијадата во Токио.

Volkswagen вели дека OnePod може да има повеќекратна употреба - ќе се користи како автономно такси за превоз до четири патници, потоа како семејно возило или возило за лица со попреченост и, генерално, за превоз на разни социјални категории, како што се деца и постари луѓе кои инаку не можат сами да се движат низ градот.

OnePod се карактеризира со големи стаклени површини, кои овозможуваат непречен поглед на патниците кон околината, така што употребата на такви возила може да се прошири и на туристичкиот сектор.

Големите дигитални екрани во внатрешноста им ги даваат на патниците сите потребни информации, додека практичноста на возилото се покажува преку опцијата за спуштање или подигнување на кабината, што може автоматски да ја прилагоди висината во градовите, што е многу важно за корисниците на инвалидски колички и мајки со мали деца. Дополнително, до OnePod се пристапува преку широка лизгачка врата, што го прави пристапот до патничкиот простор многу полесен.

Инаку, овој концепт е дизајниран во Центарот за развој и дизајн на Volkswagen во Потсдам, а јавноста ќе може да го види до 31 декември 2021 година во Берлин на изложбата Go.City - Иднината на урбаната мобилност.

реклама

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Се степале вработени во болница во Карпош

Read more

Концепти

Поблиску до ѕвездите со концептот Chrysler Halcyon

Read more

Hyundai на 4 нозе: Електромобилот изгледа како од филм, но производителот има сериозни планови

Read more

Porsche 911 Turbo S на TechArt развива 790 КС

Read more

Тркала што се вртат за 90 степени: Дали новата технологија ќе ви користи?

Read more
 

Автомобили

Lamborghini го смени логото по повеќе од две децении

Читај повеќе

Дизелот е мртов за Volvo

Читај повеќе

Кинезите направија „бум“ во 2023 година продавајќи возила за 8.000 евра

Читај повеќе

Нови безбедносни појаси: Се прилагодуваат на различни големини на тело

Читај повеќе

Е-автомобилите можат сами да си ги полнат батериите, некои можат да заштедат многу пари

Читај повеќе

Истражување: Kолкава моќност треба да има вашиот автомобил?

Читај повеќе

Водич за возачи: Одговорно паркирање

Читај повеќе

Последното Audi R8 оди од фабрика во музеј

Читај повеќе

Крај за два модела на Porsche во Европа

Читај повеќе