Возниjацки ја заврши кариерата со пораз и солзи во очите

Поранешната тенисерка бр.1 на светот Каролине Возниjацки го одигра последниот натпревар во кариерата.

29-годишната Данка загуби со 5: 7, 6: 3, 5: 7 од Онс Жабур од Тунис во третото коло на Австралија Oпен.

Минатата година, Возниjацки објави дека првиот Грен слем турнир за годинава, кој го освои во 2018 година, ќе биде нејзиниот последен настап како професионален тенисер.

Дваесет и петгодишната Жабур, која во првото коло ја елиминираше 12-тата во шемата на Јоана Конта, а потоа и поранешната број 4 – Гаролин Гарсија, сега ја заврши кариерата на Вознијацки, откако пласираше 43 винери за својата победа во Мелбурн.

Последниот удар на Каролин во професионалниот тенис беше форхенд кој беше предолг и излезе надвор од теренот. На тој начин, светскaта тенисерка број 78 од Тунис се квалификуваше во четвртото коло на Австралија Oпен за прв пат во својата кариера.

По поразот, Возниjацки беше видно емотивна што се збогува со тенисот и публиката.

„Мислам дека помина многу добро што завршив со грешка од форхенд во натпревар од три сета“, рече Данката на шега.

Таа дебитираше во професионалниот женски тенис во 2007 година и оттогаш освои 30 титули, вклучувајќи го и Австралија Опен во 2018 година. Таа беше рангирана на првото место на светската ранг-листа на 11 октомври 2010 година. За време на нејзината професионална кариера, Вознијацки заработи над 34 милиони долари од наградни фондови.

реклама

Тенис

Ѓоковиќ го откажа Мастерсот во Мадрид, па дојде на Ел Класико да го бодри Реал

Read more

Надал елиминиран од Де Минор

Read more

Алкарас нема да ја брани титулата во Барселона

Read more

Ѓоковиќ одби да одговори на новинарско прашање, тајната на успехот ја чува 15 години

Read more
 

Спорт

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Читај повеќе
  • play_arrow

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Читај повеќе

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Читај повеќе

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Читај повеќе