Врабчев: Договорот за добрососедство стана жртва на историската комисија

Сите точки од Договорот за добрососедство со Северна Македонија станаа жртва на историскиот спор на т.н. историска комисија, смета Андреј Врабчев од бугарската Фондација „Татковина“. Според него, во моментов бугарската страна е заглавена во историјата, без да сфаќа дека пишува приказна во која ќе биде наведено дека застанала против луѓето што ги дефинира како свои браќа.

Во изјава за БНТ, Врабчев како можно излезно решение од сегашната ситуација, предлага расправата за историските спорни прашања да биде одложена за време кога ќе има поволни услови за тоа.

– Ако ВМРО-ДПМНЕ се врати на власт во Северна Македонија, дали ќе зборуваме за историја? Апсурдно!, посочува Врабчев.

Според него, Софија со односот кон Скопје самата си го ограничува во своето влијание на Балканот.

– Бугарија беше лидер по потпишувањето на Договорот со Северна Македонија, по што престана да ја има лидерската позиција, и Грција го презеде водството во регионот. Бугарија во моментов е пречка на Балканот, наместо да учествува во проектот на Европската Унија и да го прошири своето влијание во Македонија, вели Врабчев.

Тој смета дека бугарската страна треба да се повлече од ситуацијата, бидејќи веќе заборавила до каде е стигнато и кои се заедничките интереси со С. Македонија.

– Потребно е брзо решение, затоа што секоја ескалацијата на негативни чувства кон Бугарија значи враќање на Македонија на оската на Белград. Бугарија нема интерес Македонија да назадува и повторно да се сврти кон Белград, истакнува Врабчев.

Вели дека сè започнало со декларацијата за бугарските услови кон Македонија усвоена во Парламентот на Бугарија, која е обврзувачки документ.

– Бугарија се најде во ситуација да може да загуби од малата Македонија, што е многу страшно за нашите политичари, додава Врабчев.

Според него, за да се реши спорот и да се надминат недоразбирањата, мора да се подобри реториката.

– Тоа не може да се направи со постојани провокации. Секогаш кога нешто важно треба да се случи во Македонија, Красимир Каракачанов се вклучува со некаква провокација, која се прифаќа од другата страна, од македонската ВМРО, која е нивна слика од огледало, што се чини дека е координирано. Ова не е ништо ново - се случува веќе 30 години, изјави Врабчев.

Сегашното бугарско однесување, како што оценува, создава ситуација во која не изгледа како лага тврдењето дека Бугарија е лошата страна.

– Ме плашат зборовите на Каракачанов дека е подготвен за долга битка, како Грците кои се бореа 28 години. Ако уште 30 години сме во позиција да ги спречуваме да влезат во ЕУ, овие луѓе, нашите браќа, за кои би требало најмногу да се грижиме, вели Врабчев.

Аналогијата со Грција, според него, е многу погрешна, бидејќи Софија и Атина имаат спротивни цели.

– Тие требаше да постават линија на разграничување со македонската држава и македонскиот идентитет, бидејќи тие не се грчки. Ние имаме сосема спротивна задача: треба да покажеме дека дури и денешната македонска држава се базира на бугарски темели, дека започнала од нашата заедничка култура, од нашата заедничка историја и херои. Кога тоа ќе се случи, работите ќе бидат поинакви. Но, ние влеговме не во заедничка историја, туку во поделба на заедничкото наследство, изјави Андреј Врабчев.

реклама

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Трик со омекнувачот за облеката да мириса убаво и до седум дена

Read more

Во која храна ги има трите минерали најважни за тироидната жлезда?

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Македонија

Ковачевски: СДСМ ќе ја внесе Северна Македонија во ЕУ и ќе ги зачува вредностите на ЕУ дома

Read more

ГРОМ, Интегра и ПЦЕР се здружија: Коалицијата Храбро за Македонија нема да поддржи уставни промени ниту пред, ниту по изборите

Read more

Почна реконструкцијата на стариот пешачки мост на Вардар

Read more

Приватните специјализанти на протест пред Министерството за здравство

Read more
 

Вести

Странските компании загубија 107 милијарди долари со повлекувањето од Русија

Читај повеќе

Пет сценарија како Франција може да се вмеша во војната во Украина

Читај повеќе

Трет ден се трага по Данка, се проверуваат телефоните на родителите

Читај повеќе

Раст на Волстрит по три дена пад

Читај повеќе

Путин: Обвинувањата дека Русија ќе ја нападне Европа по Украина се глупост

Читај повеќе

Италија има план како да ја сотре мафијата – Коза ностра прва на нишан

Читај повеќе

Ковачевски: СДСМ ќе ја внесе Северна Македонија во ЕУ и ќе ги зачува вредностите на ЕУ дома

Читај повеќе

ГРОМ, Интегра и ПЦЕР се здружија: Коалицијата Храбро за Македонија нема да поддржи уставни промени ниту пред, ниту по изборите

Читај повеќе
  • play_arrow

Објавено аудио за херојот од Балтимор: Веднаш блокирајте го сообраќајот на мостот

Читај повеќе