МВР соопшти дека 48-годишен работник од Крива Паланка, вработен во ЕВН, изведувајќи работи починал од струен удар.
Во село Подржикоњ-Крива Паланка, на место викано Косачи, С.Ѓ.(48) од Крива Паланка, вработен во ЕВН, изведувајќи работи починал од струен удар.
Настанот бил пријавен вчера во 12:00 часот, а смртта ја констатирал лекар на Итна медицинска помош.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица Крива Паланка. По наредба на Јавен обвинител телото е предадено за обдукција.