Вработена во МВР фатена со мито од 12.500 евра

Вработена во Министерството за внатрешни работи е фатен со мито од 12.500 евра, соопшти министерот Панче Тошковски. Како што вели тој, лицето И.М. било вработено како виш аналитичар во СВР Скопје. Осомничената е лишена од слобода под сомневање за сторени кривични дела измама предвидени по чл. 247 од КЗ.

„Од страна на Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди во координација со Одделот за криминалистичка полиција се постапуваше по пријава од три оштетени лица и на ден 17.05.2024 година наведеното лице е фатено на лице место во моментот на примопредавање на 12.500 евра, претходно криминалистички обработени кои ги прибавила за наводно посредување за добивање на социјални станови од Б категорија. Во врска со кривичното дело извршен е претрес во службените простории кои ги користела пријавената при што е пронајдена пообемна сомнителна документација која е поврзана со кривичното дело во вид на разни документи за кои постои сомневање дека се фалсификувани, разни договори за позајмици, договори за посредување за доделување на социјални станови, имотни листови, како и тефтер со ракопис во кој е водена евиденција за лица за кои биле вршени определени работи“, соопшти Тошковски.

При извршен претрес во дом и други простории кои ги користи лицето И.М. лоцирани во Општина Сарај, било пронајдено и огнено оружје со 6 парчиња муниција кое оружје и муниција најверојатно ги поседува без дозвола, за што известено е и Одделението за недозволена трговија со оружје при СВР Скопје заради преземање на дополнителни мерки.

Министерот додава дека МВР и понатаму продолжува со преземање на мерки и активности насочени кон испитување на евентуална поврзаност на наведеното лице со други високи полициски службеници.

Тагови
реклама

Зошто не треба да јадете банани за појадок?

Read more

Бројот на жртви во пожарот се искачи на 59, меѓу нив и полицаец

Read more

Стигнуваат реакции за трагедијата во Кочани, МВР потврди дека има приведени

Read more

Црн ден за Македонија: 51 лице загина во пожар во дискотека во Кочани

Read more

Хроника

Приведено лице од скопско поради предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици

Read more

Кавадарчанец со BMW дрифтал на улиците, МВР му го одзеде возилото поради создавање бучава

Read more

Малолетничка уценувана со објавување експлицитно видео откако се обидела да ја прекине врската

Read more

Доживотен затвор за Елвин Куртовиќ за убиството зад „Мавровка“

Read more
 

Вести

Тошковски: Дискотеката во Кочани немала легална лиценца за работа, починати се тројца малолетници

Читај повеќе

Со авиони се транспортираат најтешко повредените од пожарот во Кочани во земјите од соседството

Читај повеќе

Обвинителскиот тим за пожарот во Кочани е проширен

Читај повеќе

Двајца пациенти се на респиратор, некои се со 60 отсто изгореници

Читај повеќе

Повеќето од починатите загинале во стампедото во дискотеката

Читај повеќе

Европските земји разговараат за воведување воен рок

Читај повеќе

Ќе биде прогласена 7 дневна жалост поради трагедијата во Кочани

Читај повеќе
  • play_arrow

Дали српската полиција употреби звучен топ на вчерашните протести во Белград?

Читај повеќе
  • play_arrow

Бројот на жртви во пожарот се искачи на 59, меѓу нив и полицаец

Читај повеќе