Вработена во општина Гази Баба пријавила во полиција дека колега-советник упатил закани кон неа додека била на работното место и се обидел физички да ја нападне.
На 05.05.2021 во 20:20 часот во Полициската станица Гази Баба, Б.М.(42) од Скопје пријавила дека на 29.04.2021 околу 14:30 часот на нејзиното работно место во објектот на општина Гази Баба, А.Т. - советник од една политичка партија ѝ упатил закани.
Истиот се обидел и физички да ја нападне, но бил спречен од присутните советници.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.