Вработените во „Југохром“ бараат рестартирање на фабриката

Претставници на Синдикатот на вработените во „Југохром Алзар“ денеска ќе предадат писмо – ургенција до Второстепената комисија на Владата, како охрабрување и поттик комисијата да одговори позитивно на жалбата против, според нив неоправданото исклучување од работа на фабриката.

„Југохром“ ги изгаси печките на почетокот од ноември по одлука на Министерството за животна средина кое посочи дека компанијата ги пробила роковите за изградба на пречистителна станица за издувните гасови кои го загадуваат воздухот во регионот.

Од тогаш, неколкупати вработените во фабриката протестираа, со цел да се рестартира фабриката, а тие да се вратат на работа.

Беше најавено дека до крајот на декември Синдикатот на вработените во „Југохром“ ќе преговара со раководството на компанијата, со цел работниците да ги задржат работните места.

„Одлучив заедно во корелација со менаџментот, вработените да останат сите без исклучок, без ниту едно отпуштање во работен однос во фабриката. Се разбира дека оваа мерка ја преземавме, повторно на еден месец“, рече Васил Скендеровски, генерален директор на Југохром, минатиот месец.

Тогаш, претседателот на синдикатот на работниците на „Југохром“, Бајрам Амити, побара од Министерството за животна средина и Државниот инспекторат да ја повлечат одлуката за затворање на комбинатот, во спротивно тие ќе продолжат со протестите.

Од компанијата најавуваат дека системот на отпрашување ќе биде завршен кон крајот на април, а досегашните одлагања се должат единствено на долгото чекање на дозволи и мислења од државните институции.

Според Скендеровски, одлуката на Државниот инспекторат за затворање е тенденциозна. Од фабриката покажаа податоци според кои загадувањето на Тетово и натаму е високо, без оглед што комбинатот не работи, што за нив е доказ дека не се главни загадувачи.

реклама

Додека целиот свет зборува за Ормускиот Проток, знаете ли како всушност изгледа?

Read more

Апасиев за изборите во Унгарија: Лик од третиот ешалон на Фидес ќе биде власт

Read more

Човекот кој го победи Орбан: Кој е Петер Маѓар и каква е неговата политика?

Read more

Иран: Две или три клучни прашања спречија договор

Read more

Македонија

Муцунски по обидот за палење на синагогата: Апсолутно неприфатливо, сторителите ќе одговараат

Read more

Апасиев за изборите во Унгарија: Лик од третиот ешалон на Фидес ќе биде власт

Read more

Филипче по поразот на Орбан: Нема повеќе криење на Груевски во Будимпешта, ниту бизнис комбинации

Read more

Сончево, но ветровито: Налети над 60 км на час долж Повардарието

Read more
 

Вести

Муцунски по обидот за палење на синагогата: Апсолутно неприфатливо, сторителите ќе одговараат

Читај повеќе
  • play_arrow

МВР го истражува обидот за палење на синагога во Скопје, Еврејската заедница алармира за говор на омраза

Читај повеќе

Кремљ: Ја почитуваме волјата на Унгарците

Читај повеќе

Апасиев за изборите во Унгарија: Лик од третиот ешалон на Фидес ќе биде власт

Читај повеќе

Иран по блокадата на Трамп: Ниту едно пристаниште нема да биде безбедно

Читај повеќе

Трамп најави блокада: САД ќе запираат бродови поврзани со иранските пристаништа

Читај повеќе
  • play_arrow

Човекот кој го победи Орбан: Кој е Петер Маѓар и каква е неговата политика?

Читај повеќе

ЕУ може да ѝ отвори милијарди на Унгарија по победата на Маѓар

Читај повеќе

Филипче по поразот на Орбан: Нема повеќе криење на Груевски во Будимпешта, ниту бизнис комбинации

Читај повеќе