Врачени наградите на ЕУ за истражувачко новинарство за 2019 година

Ја промовираме слободата и одговорноста на новинарите да истражуваат и да пишуваат без страв на теми од јавен интерес. Одговорноста на новинарството, а особено на истражувачкото новинарство е да ги примени највисоките професионални и етички стандарди во работата за нивните текстови да бидат прецизни, авторитетни и засновани на факти.

Ова го изјави, меѓу другото, евроамбасадорот Дејвид Гир на денешното доделување на ЕУ наградите за истражувачко новинарство за 2019 година на свеченоста во организација на Самостојниот синдикат на новинaри и медиумски работници.

– Живееме во исклучително време каде ширењето на коронавирусот и многуте ограничувања на нормалните активности ја оптоваруваат работата на новинарите. Лажните вести се еден таков пример бидејќи нивното лесно ширење се еден од најголемите предизвици во светот денес. Ова е предизвик кој ги поткопува темелите на демократијата, довербата во институциите, но и во новинарството како професија. Ефективен одговор на овие предизвици лежи во два елемента. Прво, клучно е да продолжи да се негува независното и професионално новинарство и второ, должност на сите нас е да промовираме истражувања и медиумски писмена публика која нема да биде лесно поводлива по лажни вести или искривени извештаи, рече амбасадорот Гир.

Тој истакна дека во Северна Македонија новинарството има многу позитивни точки, но има и слабости, а една од нив е безбедноста на новинарите. Потсети дека во најновиот Извештај на Европската комисија за 2020 година за земјава се нотирани констатациите на ЗНМ дека има мал процент на решени случаи на напади врз новинари и дека се бара нивно решавање.

Од пристигнатите 24 стории на различни теми на конкурсот објавен во јуни, во претселекцијата избрани се 11 во потесен избор, а наградени се три, според одлуката на тричленото жири со кој претседавала Весна Никодиновска од МИМ и членовите Марина Костова од „Сакам да кажам“ и Милица Шариќ, новинарка од Србија.

Првата награда е за видео-сторијата „Урбани атентатори“ изработена од тим од истражувачката репортерска лабораторија за „урбаната мафија“ во промената на ДУП-от на Тафталиџе. Втората награда ја доби видео-сторијата на Снежана Лупевска, Билјана Николовска и Миомир Серафимовиќ за емисијата „КОД“, а третата награда видео-сторијата за процесот на денационализација на Петар Клинчарски од редакцијата „360“.

Според пораката од претседателката на жири-комисијата која не беше во можност да прусуствува на свеченоста, овие награди треба да бидат охрабрувања да продолжи да се работи на истражувачки стории. Истражувачкото новинарство сѐ уште се цени и им е потребно на младите демократии, наведува таа.

Новинарката Сашка Цветковска како дел од тимот од првонаградената сторија, истакна дека за темата примениле интердисциплинарен пристап во кој биле вклучени млади режисери и аниматори, а се заблагодари што имале помош од граѓаните, но и од ДКСК и од финансиската полиција во прибирањето на документи за подготовката на сторијата.

– Го видовте рецептот што е потребно за да се бетонира и насилно да се урбанизира една урбана општина во Скопје. Се надевам дека и Обвинителството ќе ги собере доказите да покрене обвиненија, рече новинарката Маја Јовановска која е исто дел од тимот.

Наградата за истражувачко новинарство на ЕК е воспоставена во 2015 година и има за цел да ги промовира извонредните постигнувања на истражувачките новинари и да ја подобри видливоста на квалитетното и професионално новинарство во земјите во Западен Балкан и Турција.

Тагови
реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Култура

Националниот џез оркестар со „Џез лектира“ гостува во Велес

Read more

Почнува Крај Вардарот Џез: Три фестивалски вечери и пет концертни настапи кои кокетираат со авангардни стилови

Read more

Под слоганот Приказна се чита денеска почнува Саемот на книга

Read more

Вечерва во МКЦ премиера на документарецот Време на бетон

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе