Враќање на легендарниот рели автомобил, цената - астрономска
Еден од најпознатите рели модели, и воопшто автомобили, се враќа по неколкугодишни најави. Сепак, само неколку избрани ќе можат да го купат. Поточно, околу петнаесет, колку што ќе брои оваа серија. Се разбира, тоа е Lancia Delta Integrale, но овој пат не го нуди Lancia.
Зад проектот стои Automobili Amos, кој најави враќање на Delta уште во 2018 година. Delta на новото доба е доследна на оригиналот, но со неколку важни разлики. За почеток, нема задни врати, а уште поважно, каросеријата е направена од јаглеродни влакна.
Моторот остана оригинален, но по бројните модификации и модернизирање, моќноста се зголеми на 330 КС. Има и погон на сите тркала, како и 5-брзински мануелен менувач и надграден диференцијал со ограничено лизгање. Масата на автомобилот е одлични 1.250 кг. Како и вистинската Delta, така и оваа модерна верзија добива Martini тркачки изглед, а шлаг на тортата се тркалата „турбофан“ EvoCorse.
Автомобилот е исто толку атрактивен внатре. Чиста класика значи Recaro седишта и многу Alcantara. Конечно, една неверојатна информација. Овој автомобил се нуди по почетна цена од околу 350.000 евра.
Примерокот од фотографиите ја нуди Prestige Imports по цена од 649.950 евра. Па нека каже некој дека не вреди да се инвестира во коли.