Враќање во форма: Едноставен тренинг за почетници
Сите околу вас практикуваат некаква физичка активност, а вие сè уште не сте ни почнале? Редовната физичка активност има преголем број на придобивки кои треба да ви послужат како мотивација да се активирате.
Недоволната физичка активност е глобален проблем кој според истражувањето на Светската здравствена организација има сериозни последици за човековото здравје. Според нивните податоци, физичката неактивност е сè почеста појава, а особено кај адолесцентите.
Затоа, никогаш не е доцна да почнете со вежбање, а ова видео ќе ви помогне ако сте почетник или се враќате на вежбањето по подолга пауза.