Вратете им го стариот сјај: Како беспрекорно да ги исчистите собните врати

Собните врати секојдневно ги допираме, па на нив се оставаат валкани и мрсни траги, а на дното често и траги од обувки со кои случајно ја допираме нивната површина.

Иако станот, или куќата, бара секојдневно одржување, правосмукање, миење на подот и бришење прашина, одредени делови сепак остануваат запоставени.

Едни од елементите кои секојдневно ги користиме, а на кои се чини најмалку им обрнуваме внимание се вратите од собите. За многумина нивното чистење претставува вистинска главоболка.

Собните врати секојдневно ги допираме, па на нив се оставаат валкани и мрсни траги, а на дното често и траги од обувки со кои случајно ја допираме нивната површина.

Тоа особено се приметува на белите врати, а каква боја и да ви се вратите корисно е да знаете како можете да ги исчистите, а при тоа да не им ја оштетите бојата. За почеток, кваките можете од време на време да ги дезинфицирате со средство за дезинфекција, па и секојдневно со помош на алкохол. Напрскајте алкохол на хартиена или памучна крпа, па избришете ги сите кваки и брави на вратите. Не ја занемарувајте и влезната врата, на нејзините кваки и брави има најмногу нечистотија.

Кога ќе почнете да чистите некоја врата, најпрво отстранете ја прашината која можеби тешко се гледа, но дефинитивно е таму. Прво искористете сува крпа или мека четка, а потоа со влкажна крпа пребришете сѐ.

За чистење на флеките искористете ја течноста за миење садови. Во литар млака вода турете супена лажица детергент за садови и измешајте. Овој раствор ќе ги отстрани мрсните дамки и флеки од вратите, а нема да ја оштети бојата.

На крајот вратите пребришете ги со влажна крпа. За тврдокорните дамки искористете мешавина од алкохолен оцет со млака вода. На литар вода ставете 200 милилитри оцет.

Кога еднаш детално ќе ги исчистите вратите, потоа многу полесно ќе ви биде секојдневното одржување. Важно е флеките да ги отстранувате веднаш штом ќе ги приметите, за да не се вкоренат.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Живот

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Најскапите намирници во светот: Треба да потрошите вистинско богатство за нив

Read more

5 причини зошто треба да го ограничите времето што децата го поминуваат пред екрани

Read more
 

Магазин

В недела почнува летното сметање на времето: Како поместувањето на стрелките влијае на нашето тело?

Читај повеќе

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Читај повеќе

Историски заблуди

Читај повеќе

5 совети како да го разгорите повторно вашиот сексуален живот

Читај повеќе

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Читај повеќе
  • filter

Најскапите намирници во светот: Треба да потрошите вистинско богатство за нив

Читај повеќе

Рецепт на денот: Јагнешки бут зачинет на грчки начин

Читај повеќе

Зошто никогаш не треба да го резервирате седиштето 11А во авион?

Читај повеќе

Пет причини зошто треба почесто да јадете тиквички

Читај повеќе