„Врба“ номиниран за најдобар меѓународен филм на фестивалот Рејнденс во Лондон

Филмот „Врба“ доби номинација за најдобар меѓународен филм, а Милчо Манчевски за најдобар режисер на претстојниот фестивал Рејнденс во Лондон – најголемиот фестивал на независен филм во Велика Британија.

Како што соопшти „Банана филм“, жирито предводено од оскаровецот Џереми Ајронс ќе ги додели престижните награди во осум категории, во секоја се номинирани по три филма, а „Врба“ доби номинации во две категории.

Настапот на Рејнденс, што ќе се одржи од 28 октомври до 7 ноември, е и британска премиера на „Врба“, чиј продуцент е и легендарниот британски продуцент и основач на „Вирџин рекордс“ Ник Пауел. Организаторот на фестивалот го издвојува „Врба“ како еден од хитовите на програмата, а ќе се прикаже во селекцијата Женски поглед.

Поради пандемијата, 28. Рејнденс годинава ќе се одржи во хибридна форма, онлајн и во живо во центарот на Лондон, со над 50 светски и британски премиери. На 28 октомври ќе има гала отворање со Stardust на Габриел Рејнџ за Дејвид Боуви Победата во конкуренцијата за краток филм на Рејнденс исто така носи и квалификација за Оскар и за наградите БАФТА. 

-„Врба“, шестиот филм на најтрофејниот македонски режисер Милчо Манчевски, го започна своето патување со светска премиера на Римскиот филмски фестивал во октомври минатата година, каде што беше забележан со исклучително позитивни критики. По македонската премиера, филмот играше в кино два и пол месеци и ги сруши рекордите на гледаност. „Врба“ беше и дел од официјалните програми на светските фестивали во Тајпеј, Талин, ФЕСТ во Белград, Бенгалуру во Индија, Синеквест во Калифорнија, Софија, Истанбул, Клуж-Напока, Сараево, Пекинг, соопштија од продукцијата.

Минатиот месец, како што потсетуваат, најпознатото филмско списание на светот Variety објави извонредна рецензија за „Врба“ насловена како „Врба: Суптилен, длабок портрет на мајчинството по кое се копнее, помножен со три“, во која меѓу другото се вели: „Три приказни за македонско мајчинство одекнуваат низ вековите во моќната, евокативна и прекрасно одглумена драма на Милчо Манчевски“.

„Врба“ ја освои и наградата Најдобар филм во програмата Недела на режисерите на 40. издание на филмскиот фестивал Фантаспорто во Порто, Португалија, како и наградата за најдобар филм на камерниот фестивал на независни филмови во Велингтон, Нов Зеланд.

реклама

Филм & ТВ

Зошто Кевин Костнер одби да му даде улога на Крис Хемсворт во својот филм?

Read more

Хенри Кавил ќе стане татко – чекаат бебе со девојката Натали

Read more

Пластичен хирург откри какви зафати направила Анџелина Џоли

Read more

Реквизитерката на Rust осудена на 18 месеци затвор за смртта на снимателката

Read more
 

Сцена

Зошто Кевин Костнер одби да му даде улога на Крис Хемсворт во својот филм?

Читај повеќе

Хенри Кавил ќе стане татко – чекаат бебе со девојката Натали

Читај повеќе
  • play_arrow

Сила и Нервоза е насловот на новиот заеднички сингл на Суперхикс и Фолтин

Читај повеќе
  • play_arrow

Пластичен хирург откри какви зафати направила Анџелина Џоли

Читај повеќе

Реквизитерката на Rust осудена на 18 месеци затвор за смртта на снимателката

Читај повеќе

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе

Анистон изненади со изгледот на насловна: Како толку се подмлади?

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Скарлет Јохансон и Ченинг Тејтум ве носат на Месечината во филм за настанот од 1969

Читај повеќе

Зошто HBO се откажа од спин-оф серијата за Џон Сноу?

Читај повеќе