ВРЕДИ: Бујар Османи кандидат на Фронтот на руските и српските олигарси

Нашата земја е членка на НАТО. Но, од големо значење е прашањето, кој им ја отвори вратата на нашата држава на руските и српските олигарси? Пратеникот на ДУИ познат како Пуцко, Исмаил Јахоски, половина од бензинските пумпи што ги поседува, ги има од Лукоил, големата руска компанија поврзана со Путин. Самиот Пуцко добива речиси половина од тендерите, но заедно со Лукоил тој го добива најголемиот дел од тендерите од јавните институции и од министерствaтa. Прпарим Бајрами од ДУИ, директор на Лотарија, еден од своите бизниси, ресторанот во Куманово го има токму кај Лукоил, на автопат. Бизнисот со казината, кој го штитат и промовираат истакнатите личности од ДУИ, го води српското подземје, велат од ВРЕДИ.

„Самиот Бујар Османи бил вклучен во лиценцирањето на казината, а за ова има и документ потпишан од него, во лиценцирањето на Мијалков. Фронтот на ДУИ заслужува да се нарекува Фронтот на руските и српските олигарси.

Кога тие велат Не на Русија, Не на Србија и Не на Кина, да потсетиме: Од 2002 година во РСМ влегле повеќе од 70 компании со руски капитал. Годишниот приход на овие компании е над 200 милиони евра. Нормално, се поставуваат прашањата:
– Кој беше на власт и кој дозволи влез на ЛУКОИЛ во РСМ?
– Кој е деловен партнер со ЛУКОИЛ?
– Кој беше на власт и кој дозволи влез на ТЕ-ТО во РСМ?
– Кој беше на власт и кој им го продаде Бучим на Русите?
– Кој беше на власт и кој му дозволи на Сергеј Самсоненко (Хотел 'Русија', Сис инвестмент груп) да инвестира во РСМ?
– Кој беше на власт и кој му дозволи на рускиот бизнисмен Олег Викторович Бојко, кој е на американската црна листа, (Iute Credit и Forca – брзи кредити) да инвестира во РСМ?
– Кој беше на власт и кој му дозволи на Николај Токарев (MAYA) да инвестира во РСМ?
– Чиј син на висок функционер на ДУИ е претставник на Huawei за Северна Македонија?
– Кој донесе посебен закон во Собранието со цел автопатот Кичево – Охрид да и се даде на кинеската компанија Синохидро?
– Кој го внесе српското подземје во РСМ со бизнисот со казината?
– Кој го лиценцираше српскиот Моцарт?

Одговорите на овие прашања се познати, Фронтот на руските и српските олигарси. За среќа, нивниот мандат истече, времето на ДУИ заврши. Промената доаѓа, промената ВРЕДИ!“, пишуваат од партијата.

реклама

Четири хороскопски знаци во кои се раѓаат најголемите хипохондрици во Зодијакот

Read more

Citroën 2CV би можел да се врати како ретро градски автомобил

Read more

Објавена листата на десетте најубави супермодели во светот според златниот пресек

Read more

Фондот оштетен за 8,7 милиони денари од измама со ортопедски помагала

Read more

Македонија

За веледрогеријата „Пановски“, изјавите на Лефков се директна закана и клевета

Read more

Лефков: Мафијата на смртта поддржана од Филипче зела 35 милиони евра тендери само од Онкологија

Read more

МВР: Уапсените за тероризам планирале напади врз јавни објекти во Македонија

Read more

Уапсени уште четворица кои во Македонија регрутирале нови членови на ИСИС

Read more
 

Вести

За веледрогеријата „Пановски“, изјавите на Лефков се директна закана и клевета

Читај повеќе

Лефков: Мафијата на смртта поддржана од Филипче зела 35 милиони евра тендери само од Онкологија

Читај повеќе

МВР: Уапсените за тероризам планирале напади врз јавни објекти во Македонија

Читај повеќе

Уапсени уште четворица кои во Македонија регрутирале нови членови на ИСИС

Читај повеќе

Фондот оштетен за 8,7 милиони денари од измама со ортопедски помагала

Читај повеќе

Верижен судир на скопската обиколница кај Смилковското Езеро, се судриле автобус, товарно возило и автомобили

Читај повеќе

ТАВ Македонија и аеродром Скопје: Не продаваме изгубен багаж, лажни профили сакаат да изнудат податоци од граѓаните

Читај повеќе

Во објект во Врапчиште најдени питбули и доберман користени за борби на кучиња

Читај повеќе

Вељаноски, Јанакиески, Ристовски и Атанасовски ослободени од гонење за Oрганизатори на 27 април

Читај повеќе