Вредноста на Amazon падна за 45 милијарди долари

И покрај рекордната заработка во последниот квартал од 2018 година, пазарната вредност на акциите на Amazon падна за огромни 45 милијарди долари. Вол Стрит беше разочаран од прогнозите за продажба на Amazon, кои резултираа во значителен пад на вредноста.

Акциите на најголемиот интернет трговец паднаа за 5,4% и покрај силните резултати на Божикниот пазар, кој им донесе профит од преку 3 милијарди долари во последниот квартал. Иако продажбата ги надмина очекувањата, акциите паднаа.

Од Amazon изјавија дека резултатите од продажбата нема да бидат толку позитивни во овој квартал, поради несигурноста околу новите закони за интернет продажба во Индија – голем маркет кој и понатаму е во фаза на раст. Новите регулации го примораа Amazon да повлече голем дел од производите дотогаш пласирани на пазарот во Индија, како Echo звучници, батерии, чистачи за под и слично.

Како дел од причините поради падот на вредноста е и загрижувачката изјава на Amazon за пораст на трошоците на компанијата, кои ќе се зголемат поради најмување на работници, изградба на складишта и други инвестиции.

Пред да падне вредноста на акциите на Amazon, извршниот директор на компанијата Џеф Безос беше прогласен за најбогат човек на светот и неговата вредност се проценуваше на околу 142 милијарди долари, скоро 50 милијарди повеќе од вториот најбогат човек на светот – Бил Гејтс.

реклама

Тешка недела: Финансиски хороскоп за секој знак од 15 до 21 април

Read more

Зошто никогаш не треба да користите мобилен телефон додека сте во тоалет?

Read more

Со 11.100 км/ч за 1 час низ половина свет: Тестот беше успешен, доаѓа ракетен авион?

Read more

Топ 5 најдолговечни животни - некои живеат и илјадници години

Read more

Бизнис

Драстичен пад на цената на биткоинот

Read more

Народна банка воведе новa веб-услуга за автоматизирано преземање податоци од Курсната листа

Read more

Силен раст на акциите на Apple и Nvidia

Read more

Дали Германија ќе се опорави од кризата?

Read more
 

Вести

Г7 подготвува мерки против Иран

Читај повеќе

Од ДУИ ме нарекуваат анти Албанец и ксенофоб затоа што гласно говорам за нивниот криминал, рече Мицкоски

Читај повеќе

Сообраќајка со полициско возило во Скопје, шестмина повредени

Читај повеќе

Деветвалентната ХПВ-вакцина достапна кај нас од следниот месец

Читај повеќе

Тепачка во штипскиот затвор, надвор стигнала и поддршка од 30 лица

Читај повеќе

Двајца повредени во пожар во куќа во Скопје

Читај повеќе

Вучиќ: За три до четири месеци ќе биде најлошата ситуација од 1945 година

Читај повеќе

Изложба на карикатури од Фестивалот за хумор и сатира IN VINICA VERITAS во Крива Паланка

Читај повеќе
  • play_arrow

Украинците имаат нови моќни дронови во кампањата против Русија

Читај повеќе