Вредноста на биткоин порасна за 200%, но проблемите не исчезнаа

Берзата на криптовалути буквално се распаѓаше при крајот на 2018 година, кога вредноста на биткоинот (па и на повеќето останати криптовалути) паѓаше стрмоглаво. Оттогаш, вредноста постепено расте и пред крајот на минатиот месец ја достигна највисокото ниво во 2019 година.

Во моментов, вредноста на биткоинот изнесува 11.500 долари за токен, што е ниво незабележано уште од 2018 година.

Интересот за биткоин и општо криптовалутите ги натераа некои од најголемите технолошки компании од светот, како Facebook и Apple, да имаат сѐ поголема доверба во пазарот на криптовалути и блокчејн технологиите. Освен тоа, дури и регулираните конвенционални берзи се на патот да го препознаат легитимитетот на овој финансиски инструмент што им дава дополнителна поддршка на криптовалутите.

Уште една од причините за опоравувањето на берзата е т.н. „halvening“ со кој заработката од „рударење“ на криптовалути се намалува на половина. Моменталната заработка изнесува 12,5 биткоини, но таа се намалува на пола секои неколку години со цел да се спречи инфлацијата. Експертите тврдат дека до мај 2020 година заработката ќе падне на 6,25 биткоини. Помалата заработка ќе го намали производството на биткоини, што го зголемува растот на неговата вредност.

Но, тоа не значи дека сите проблеми на пазарот на криптовалути се елиминирани. На пример, вчера во рок од 24 часа вредноста на биткоин падна за 10% од вкупната вредност, а останатите криптовалути како Ethereum, Ripple и Litecoin забележаа падови на вредноста до 20%. Овој пад не ги загрижува луѓето на берзите, кои велат дека е очекуван епилог на наглиот пораст од преку 5.000 долари за токен забележан од средината на Јуни.

„Вистинската приказна не е дека вредноста на биткоин падна за 10%, туку дека луѓето и понатаму не можат да разберат зошто тоа се случува“, вели Николас Грегори, основач на блокчејн компанијата CommerceBlock.

Највисоката вредност што ја достигна биткоинот беше забележана во доцните месеци од 2017 година, кога во само неколку месеци цената на еден токен се искачи на 20.000 долари, пред да започне нагло да паѓа во наредните месеци.

реклама

Бизнис

Скокнаа цените на нафтата, остар пад на доларот

Read more

Раст на Волстрит втор ден по ред

Read more

Цените на нафтата пораснаа, доларот благо зајакна

Read more

Португалија откри наоѓалиште на нафта во близина на Намибија

Read more
 

Вести

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ поска среќа во вториот круг

Читај повеќе

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Читај повеќе

Силјановска Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Читај повеќе

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Читај повеќе

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт

Читај повеќе

Левица: Проблеми со фингерпринтот во Куманово, Ѓорче Петров, Аеродром, доцнење на гласачкиот процес и нерегуларности во избирачкиот список

Читај повеќе

Европски фронт: Очекуваме голема, историска победа, тоа го потврдуваат информациите од терен

Читај повеќе

Две лица од Скопје го искинале гласачкото ливче, неколкумина го фотографирале

Читај повеќе
  • filter

Максим Димитриевски: Народот одлучува за иднината на Македонија

Читај повеќе