Вредноста на Boeing падна за 20 милијарди долари во само два дена

Оваа недела е една од најлошите во историјата на авиопроизводителот Boeing. Причината за тоа е трагичната несреќа во Етиопија во која авион од оваа компанија се сруши и со себе понесе 157 човечки животи, и оттогаш акциите на Boeing на светската берза забрзано паѓаат, резултирајќи во огромни загуби.

Авион од типот Boeing 737 се сруши во Етиопија, а во несреќата загинаа 157 лица. Ова донесе лош публицитет за компанијата, која бележи историски големи загуби.

Денеска, по отворањето на Вол Стрит, акциите на Boeing паднаа за 3,2% на 387,10 долари, откако вчерашниот ден ѝ донесе на компанијата пад на акциите од 5%, пренесува Reuters. Тоа придонесе за вкупен пад на вредноста на компанијата од преку 20 милијарди долари.

Авионската несреќа во Етиопија ги натера аналитичарите да извршат ревизија на рејтингот на Boeing, а дури 7 од 24 аналитичари го променија рејтингот за компанијата во негативна насока. DZ Bank стана првата брокерска куќа која во последните две години ја промени препораката за акциите на Boeing и сега им препорачува на луѓето да ги продаваат нивните акции.

Во изминатите два дена Малезија, Сингапур, Германија и Австралија дадоа наредба за авионите на Boeing да бидат отстранети од нивниот воздушен простор, а последна во оваа низа е Велика Британија.

реклама

Бизнис

Раст на Волстрит втор ден по ред

Read more

Цените на нафтата пораснаа, доларот благо зајакна

Read more

Португалија откри наоѓалиште на нафта во близина на Намибија

Read more

Остар пад на цените на нафтата

Read more
 

Вести

Во првите 2,5 часа од гласањето пријавени се само технички проблеми

Читај повеќе

Моќната сестра на Ким Џонг Ун: Ќе изградиме супериорна воена сила

Читај повеќе
  • play_arrow

Наркобос сакал да ја убие холандската принцеза, побегна поради грешка на шпанскиот суд

Читај повеќе

Мелони ќе дозволи „поддржувачите на мајчинството“ да ги одвраќаат жените од абортус во клиниките

Читај повеќе

Шпанија формира фонд за 440.000 жртви кои биле сексуално злоупотребувани од свештеници

Читај повеќе

Раст на Волстрит втор ден по ред

Читај повеќе

Променливо облачно време со температури до 24°C

Читај повеќе

ЈСП ќе вози по неделен возен ред, жичницата на Водно нема да работи

Читај повеќе

Тетовец ја држел затворена снаата и физички ја повредувал

Читај повеќе