Време е! Разбуди ја свеста и кажи стоп за смртта на патиштата

17 Ноември 2019 година - Светски ден на сеќавање на жртвите од сообраќајни незгоди.  Светски ден,  посветен на милионите лица кој изминатите години трагично го загубија животот на патиштата ширум светот.

Секој загубен човечки живот носи тага, болка, празнина и тежина на душата за членовите на семејството, роднините и пријателите на починатото лице. Загубените животи во сообраќајни незгоди носат дополнителна болка,  дополнителна тага и тежина затоа што загубите и повредите во сообраќајот се ненадејни, насилни, трауматски, трагични настани.

Годишно, 1.3 милиони луѓе, од сите страни на светот,  го губат животот во сообраќајни незгоди, а 20 до 50 милиони лица се повредени.  Тоа значи дека над 3.500 лица умираат дневно, како последица од сообраќајни незгоди, односно на секои 25 секунди едно лице го губи животот во сообраќајна незгода.

Товарот на тага и неволја што го доживуваат огромен број луѓе како последица на сообраќајните  незгоди е сè поголем затоа што голем дел од жртвите и повредените лица во сообраќајни незгоди се  деца и млади. Годишно во светот, околу 400.000 млади лица, на возраст до 25 години, го губат животот во сообраќајни незгоди, односно 1100 млади лица, на возраст до 25 години, секој ден го губат животот во сообраќајни незгоди.

Сообраќајните незгоди претставуваат прва причина за смртност за лицата на возраст од 15 до 19 години,  втора причина за смртност за лицата на возраст од 10 до 15 години и од 20 до 24 години и трета причина за смртност за лицата на возраст од 5 до 9 години.

Во Република Северна Македонија,  во просек, околу 150-160 лица годишно го губат животот во сообраќајни незгоди, односно по едно лице на секои 2-3 дена.  Околу 6200 лица, секоја година се повредени во сообраќајни незгоди!  

Во 2018 година,  133 лица го загубија животот на улиците и патиштата во Северна Македонија,  а 5860 лица  се сериозно повредени.

Секоја година,  нови настрадани - загинати  и поврдени лица,   се додаваат на безброј милиони што веќе страдаат како  последица  на сообраќајните незгоди.  

Затоа РСБСП со апел:  ВРЕМЕ Е!  РАЗБУДИ ЈА СВЕСТА  И  КАЖИ СТОП ЗА СМРТТА НА  ПАТИШТАТА!  Стоп за возачите кои без размислување притискаат на педалата за зголемување на брзината!  Стоп за возачите кои  возат пијани!  Стоп за не користењето на  безбедносните  појаси!  Стоп за возачите кои возат технички неисправни и небезбедни возила! Стоп за мотоциклистите без заштитна кацига!  Стоп за лошите патишта! Стоп за не одбележаните пешачки премини ! Стоп за небезбедените  велосипедски патеки!

Нула толеранција за неодговорно учество во сообраќајот затоа што последиците од сообраќајните незгоди се премногу сериозни, тешки, трајни и ненадоместливи.

Голем дел од тешките судбини со кои се соочуваат милиони семејства ширум светот, ќе беа  поразлични доколку безбедноста на сообраќајот ја добиеше важноста и приоритетот на општествено  дејствување кој несомнено го заслужува.  Многу човечки судбини ќе беа поразлични доколку   секој учесник во сообраќајот беше за нијанса поодговорен и посовесен.

Светскиот ден на сеќавање на жртвите од сообраќајни незгоди има цел да не потсети, да дадеме помен  на сите загинати лица во сообраќајни незгоди,  но и да  допре до свеста на секој учесник во сообраќајот, да размисли за одговорноста и за последиците од сообраќајните незгоди.

„Да ја намалиме црната статистика на патиштата, да го направиме сообраќајот побезбеден, почнувајки секој од себе, од сопствените грешки и од сопственото однесување во сообраќајот.  Време е!  Разбуди ја свеста  и  кажи стоп за смртта на  патиштата! – порачуваат  од РСБСП по повод Светскиот ден на сеќавање на жртвите од сообраќајни незгоди.

реклама

Спектакл на небото: Како да го гледате метеорскиот дожд Персеиди?

Read more

Мистерија на Арктикот подгрева теории на заговор: Што се крие на замрзнатиот континент?

Read more

Како да го зголемите нивото на тестостерон на природен начин?

Read more

Disney го згасна брендот „20th Century Fox“

Read more

Македонија

Џафери за утре најави седница за избор на претседател на Собранието

Read more

МТСП: Протоколот е изготвен и прифатен од градинките, групите се прилагодуваат согласно насоките

Read more

Филипче: Огромен е ризикот ако училиштата се отворат од септември

Read more

Младите во Шведска стануваат независни на 18, а во Македонија со над 30 години

Read more

Вести

Џафери за утре најави седница за избор на претседател на Собранието

Читај повеќе

Дневен преглед на состојбата со COVID-19 во светот

Читај повеќе

МТСП: Протоколот е изготвен и прифатен од градинките, групите се прилагодуваат согласно насоките

Читај повеќе

Мицотакис: Ниту една провокација нема да остане неодговорена

Читај повеќе

Филипче: Огромен е ризикот ако училиштата се отворат од септември

Читај повеќе

НБ ја затвори Еуростандард банка, штедачите ќе бидат обесштетени

Читај повеќе

Самозапалување е причината за опожарената SEAT Altea во Ново Лисиче

Читај повеќе

Бројот на посетите на Замокот Версај во драстично опаѓање поради недостиг на странски туристи

Читај повеќе

Младите во Шведска стануваат независни на 18, а во Македонија со над 30 години

Читај повеќе