Време е за отказ: 6 знаци дека работите во токсична атмосфера

Поголемиот дел од денот го поминуваме на работа, а работното место ни е како втор дом.

Затоа е важно за работата, енергијата и за чувствата, каква е нашата средина на работа, со какви луѓе поминуваме 8 часа на ден.

Иако обично можете да избегнете токсични луѓе во други области од вашиот живот, на работа не е толку лесно. Не можете сами да ги бирате колегите и надредените, туку морате да се адаптирате и функционирате, без разлика што немате ништо заедничко освен работата.

Ви пренесуваме 6 јасни знаци кои покажуваат дека работите во токсична средина:

1. Сите се секогаш нерасположени

Дали вашите колеги се во лоши односи? Дали лицата секогаш им се намуртени? Ваквата работна средина воопшто не одговара за продуктивност, врски, посветеност на работата. Кога нема ентузијазам или позитивност, веројатно ќе има големи флуктуации и многу поплаки од вработените. Кога вработените не уживаат во она што го работат, нивните односи стануваат полоши, а тоа влијае на работата воопшто.

2. Непрофесионално однесување

Друг знак дека имате токсична работна средина е кога вашите колеги и претпоставени се однесуваат непрофесионално и не ја сфаќаат сериозно работата. Се чини дека никој со кого работите нема добра работна етика, без разлика дали се работи за точност, продуктивност, чесност или дури и вообичаена учтивост. Наместо тоа, има конкуренција, озборувања, расправии и сопнување на другите.

3. Премногу конкуренција

Си ја сакате работата, но колегите постојано гледаат еден на друг како на жестока конкуренција. Сите сакаат да бидат пред другите, постојано се натпреваруваат, себични се, своите интереси ги ставаат пред општото добро на работното место или во компанијата. Токсичните надредени ја охрабруваат ваквата динамика.

4. Се чувствувате загрозено

Секогаш кога се обидувате да го искажете своето мислење или идеја за нешто, колегите брзо ве сечат, демотивираат и критикуваат. Тие се обидуваат да ве исплашат со заплашување или контрола. Постојано покажуваат дека се помоќни од вас, „ви ги сечат крилјата“ и ја загрозуваат вашата самодоверба.

5. Токсичен менаџмент

Полошо од лош лидер за компанијата може да биде само токсичен менаџер кој не сака да ве слуша, да ја слушне вашата гледна точка, да дефинира дали сте задоволни на местото и дали можете да се чувствувате позадоволни некаде дајте поголем придонес. Дали вашиот менаџер одбива да ве слуша и наместо тоа ви ги наметнува своите избори и верувања? Сака да командува и контролира и владее со своите подредени со железна тупаница. Тој бара премногу од вас, поставува нереално високи стандарди, ве подготвува за неуспех и никогаш не ве пофалува вас или вашите достигнувања.

6. Нема рамнотежа помеѓу работата и приватниот живот

Истражувањата покажуваат дека добрата рамнотежа помеѓу работата и приватниот живот доведува до поголемо задоволство од работата и продуктивност, па кога вашите шефови и колеги не ги почитуваат границите помеѓу работата и животот, тоа може да биде проблем.

Никој не треба да работи на токсично место, на работа што не ја сака и да биде незадоволен. Излезете од вашата комфорна зона, ако околината и атмосферата на работа постојано се токсични, можеби е време да го промените вашето работно место. Кога го работите она што го сакате, и кога сте среќни на работа, вашата продуктивност ќе биде поголема, а со тоа и шансите за напредок и поголема заработка.

реклама

Банана диета: Се слабее 18 килограми без гладување

Read more

Едноставен трик со кој ќе го забавите потемнувањето на бананите

Read more

Рак на простата може да се спречи со намалување на внесот на 3 намирници

Read more

Ујгурските борци од Сирија најавуваат нов судир: Ќе ги избркаме кинеските неверници

Read more

Живот

Видови цвеќиња кои се отровни за домашните мачки

Read more

Модерни идеи за украсување на празничната трпеза

Read more

Меѓународно признание за иницијативата Global Engineer Girls

Read more

Петок 13-ти им носи пари на три хороскопски знаци

Read more
 

Магазин

Видови цвеќиња кои се отровни за домашните мачки

Читај повеќе

Рак на простата може да се спречи со намалување на внесот на 3 намирници

Читај повеќе
  • play_arrow

Модерни идеи за украсување на празничната трпеза

Читај повеќе
Интензивен петминутен тренинг за горење калории

Интензивен петминутен тренинг за топење калории

Читај повеќе

Кои се најдобри витамини и суплементи за имунолошкиот систем?

Читај повеќе

5 најчести грешки поради кои не ви ја бива руската салата

Читај повеќе

Меѓународно признание за иницијативата Global Engineer Girls

Читај повеќе

Банана диета: Се слабее 18 килограми без гладување

Читај повеќе

Петок 13-ти им носи пари на три хороскопски знаци

Читај повеќе