Време е за промени: Феникс го отпушти Игор Кокошков

Изгледа дека една година беше доволна за раководството на Феникс Санс да се увери дека Србинот Игор Кокошков не е вистинскиот кандидат за тренерската позиција. Утрово клубот ја потврди информацијата за неговото отпуштање и веќе од утре ќе започне аудиција за следен тренер на младиот и перспективен состав на Санс.

Првиот НБА тренер роден во Европа беше отпуштен по само една година на клупата на Феникс Санс, две недели откако заврши регуларната сезона во лигата.

Игор Кокошков го предводеше тимот на Феникс Санс до најлошиот скор во Западната конференција (19-63), што стана вообичаена пракса за тимот. Кокошков на располагање имаше млади и талентирани играчи како Девин Букер, Деандре Ејтон и Кели Убре Џуниор, но располагаше со навистина мал избор на плејмејкерската позиција пред на тимот да му се придружи Тајлер Џонсон, кој пристигна во февруари.

„По долго размислување, дојдов до одлука дека најдобро за тимот би било да побараме други опции за тренерската позиција. Сакам да му се заблагодарам на Игор за неговата работа оваа сезона и му посакувам многу среќа во идните вработувања“, изјави Џејмс Џонс, претседателот за кошаркарски операции на Феникс Санс.

Како значаен дел од НБА лигата во последните 18 години, Кокошков може да се пофали со ангажманите како асистент на неколку НБА тимови, меѓу кои последен таков ангажман беше во Јута Џез. Тој дополнително го изгради неговото име како селектор на репрезентацијата на Словенија, со која го освои златниот медал на Европското првенство во 2017 година.

Според ESPN, фаворит за новоотворената тренерска позиција во Феникс Санс е актуелниот асистент на Филаделфија Севентисиксерс, Монти Вилијамс. Тој се споменува како прв избор и на тимот на Лос Анџелес Лејкерс, кој неодамна го отпушти Лук Волтон.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Силјановска Давкова за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Кошарка

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Read more

Сега е официјално: Јокиќ против Дончиќ за титулата МВП

Read more

Далас на Дончиќ поразен на стартот од плеј-офот, Харден и Зубац одржаа лекција по кошарка

Read more

Јокиќ против Лејкерс дојде облечен како Гру

Read more
 

Спорт

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Читај повеќе

Јирген Клоп: Извинете

Читај повеќе

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Читај повеќе
  • play_arrow

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Читај повеќе