Замислете го секој залак крцкав помфрит, сочен хамбургер или миризлив сендвич дополнет со овој домашен сос.
Ќе заборавите да купите кечап штом ќе го пробате овој автентичен рецепт!
Состојки:
– 5 кг свежи домати
- ½ кг кромид
- ½ кг црвени пиперки
– 4 чешниња лук
- ½ литар јаболков оцет
– 2 чаши шеќер
- лажица свежо мелен бибер
– 2 лажици морска сол
Подготовка:
1. Прво излупете ги и исчистете ги доматите, извадете ги семките и исечкајте ги на големи парчиња. Потоа излупете го кромидот и и печените црвени пиперки, исчистете ги и исто така исечкајте ги.
2. Лукот ситно се сечка.
3. Во поголемо тенџере соединете ги сите состојки и варете на средна топлина додека не зоврие. Потоа намалете ја топлината и варете уште десетина минути, додека зеленчукот не омекне, повремено мешајќи.
4. Се трга од оган и се се меша, по можност со алатка за пасирање додека не се добие мазна смеса.
5. Тенџерето се враќа на оган и се вари со постојано мешање на средна температура додека смесата не се згусне. Овој процес може да трае околу два часа.
6. За да проверите дали кечапот е готов, ставете една лажица од смесата во чинија. Доколку смесата не се разлева, вашиот кечап е готов! Истурете го во стерилизирани тегли.
7. Стерилизирајте ги теглите така што ќе ги варите во вода десет минути. Се остава да се излади и се чува на суво и ладно место.