Временска капсула: Поглед во колиба со зачувани предмети од пред 100 години
Ребека е фотографка чија страст е истражувањето стари, напуштени градби полни со недопрена историја. Таа имала можност да ја фотографира оваа колиба од 19. век во која никој не живеел од 2015 година. Но, последниот „станар“ се потрудил да ги зачува во одлична состојба предметите во неа стари 100 и повеќе години.
Во оваа „временска капсула“ Ребека нашла стари книги, списанија, фотографии, облека, мебел, часовници „замрзнати во времето“, писма, па дури и весник во кој е објавено потонувањето на бродот „Титаник“ во 1912 година.