ФИФА СВЕТСКО ПРВЕНСТВО ИТАЛИЈА 1990

Времеплов: 30 години од најголемиот мундијалски шок

Филип Здравески
/ 08.06.2020 / 15:59

На денешрен ден во 1990 година се играше натпреварот од отворањето на Светското првенство во Италија помеѓу шампионот Аргентина со Марадона и аутсајдерот Камерун.

Хуан Симон со неверување гледа како Омам-Бијик го натскока Нестор Сенсини за да го постигне голот

На преполниот „Џузепе Меаца“ во Милано публиката очекуваше лесна и убедлива победа на „Гаучосите“, неутралните Италијанци навиваа за Африканците. Предводени од Диего Марадона, со Оскар Ружери, Нестор Сенсини, Хорхе Буручага, Абел Балдо, Клаудио Каниџа, шампионот од 1986 беше апсолутен фаворит.

Од 61. минута Камерунците беа и со играч помалку откако Андре Кана-Бијик заработи директен црвен картон. Но, само 6 минути подоцна неверување кај фудбалската јавност. По едно нафрлување од слободен удар топката се одби и паѓајќи пред голот ја начека Франсоа Омам-Бијик кој со небесен скок со глава ја пикна во мрежата на Нери Пумпидо.

Remote video URL

Марадона и дружината не успеаја никако да го скршат отпорот на африканскиот тим и на свој грб го запишаа веројатно најголемото изненадување во историјата на светските првенства.

Аргентина потоа успеа да стигне до финалето каде со гол од пенал загуби од Западна Германија, додека Камерун иташе до четвртфиналето каде доживеа елиминација од Англија. До ден денес тоа е најголемиот успех на Камерун на Мундијалите. Генерацијата на Роже Мила, Тома Н'Коно, Емануел Кунде, Франсоа Омам-Бијик, Бенжамен Масињ, Емил М'Бу, Сирил Маканаки, Андре Кана-Бијик останува како најдобрата во својата историја.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Едно цвеќе е идеално за балконите кои повеќе се во сенка

Read more

Симптоми на висок крвен притисок кои се јавуваат за време на спиењето

Read more

Фудбал

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Read more

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Read more

Тео, Думфрис и исмејување: 3 работи од Милан - Интер што не ги видовме на ТВ

Read more

Репрезентациите на ЕУРО со 26 наместо со 23 играчи?

Read more
 

Спорт

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Читај повеќе

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Читај повеќе
  • play_arrow

Тео, Думфрис и исмејување: 3 работи од Милан - Интер што не ги видовме на ТВ

Читај повеќе

Репрезентациите на ЕУРО со 26 наместо со 23 играчи?

Читај повеќе
  • play_arrow

Капело не го смета Кристијано Роналдо за фудбалски генијалец

Читај повеќе

Крај на сезоната за Де Јонг

Читај повеќе

Официјални состави: Милан - Интер

Читај повеќе

ММА борач удри девојка по задникот, веднаш беше исфрлен од организацијата

Читај повеќе

Кардиф: Штетата поради смртта на Сала изнесува 120 милиони евра

Читај повеќе