Времеплов: 36 години од дебито на Марадона во Серија А
На денешен ден пред точно 36 години славниот Диего Марадона го одигра својот прв натпревар во Серија А.
Марадона своето деби во Калчото не го памети по убаво бидејќи неговиот Наполи загуби со 3:1 на гостувањето кај Верона. Аргентинецот тогаш потпиша со Наполи доаѓајќи од редовите на Барселона.
Тогаш 23-годишната десетка го одигра целиот натпревар и беше во центарот на вниманието на Италијанците, но не успеа да постигне гол.
Неговиот тим таа сезона 1984/85 заврши на разочарувачкото 8. место на табелата и не избори пласман ниту во европските купови. Верона, пак, го освои своето прво и единствено Скудето.