Времеплов: 50 години од Натпреварот на векот

Филип Здравески
/ 17.06.2020 / 16:06

На денешен ден пред точно 50 години се одигра натпреварот кој го доби епитетот Натпревар на 20. век, а кој го одиграа Италија и Западна Германија во полуфиналето од Мундијалот во Мексико.

Во 16 часот по локално време на „Астека“ стадионот во Мексико Сити, главниот судија Артуро Јамасаки од Перу означи почеток на она што подоцна стана познато како Натпревар на векот. Капитените Џачинто Факети и Уве Зелер ги предводеа своите репрезентации составени од плејада легендардни фудбалери.

За Италија настапија: Енрико Албертози; Тарчизио Бурњич, Џачинто Факети (к), Пјерлуиџи Чера, Роберто Розато (91' Фабрицио Полети); Марино Бертини, Сандро Мацола (46' Џани Ривера), Џанкарло Де Систи; Анџело Доменгини, Роберто Бонинсења, Луиџи Рива. Од клупата командуваше Феручо Валкареџи.

Составот на Германците го сочинуваа: Зеп Мајер; Берти Фогтс, Карл-Хајнц Шнелингер, Вили Шулц, Бернд Пацке (66' Зигфрид Хелд); Франц Бекенбауер, Волфганг Оферат; Јирген Грабовски, Уве Зелер (к), Герд Милер, Ханес Лер (52' Рајнхард Либуда). Предводник од клупата беше Хелмут Шен.

Бекенбауер со повредената рака

Стадионот крцаше од луѓе со точно 102.444 гледачи на трибините од кои најголем дел Мексиканци. Уште во 8. минута Бонинсења најави италијанска победа, а иако на наредниот погодок се чекаше дури до 90. минута, она што следуваше беше неверојатна трилер завршница.

Откако Германците ги направија дозволените две измени, Бекенбауер го измести рамото, но остана да игра со бандажирана рака.

Дефанзивецот Шнелингер израмни во последната минута носејќи го натпреварот во продолженија. „Schnellinger! Ausgerechnet Schnellinger!“ (Шнелингер! Од сите луѓе, Шнелингер!) Викаше германскиот коментатор Ернст Хуберти алудирајќи на фактот што дефанзивецот играше токму во Италија, за Милан, за кој никогаш немаше постигнато гол.

Во истовреме во Гвадалахара се играше другото полуфинале, јужноамериканската пресметка на Бразил и Уругвај која заврши во регуларните 90 минути. Бразил победи со 3:1 и го чекаше исходот од европскиот дуел.

Се играше 94. минута кога Милер направи пресврт, но само 4 минути подоцна Бурњич израмни на 2:2. Во 104. минута Рива носи нов пресврт, овој пат за Италија. Потоа на сцена повторно стапува Милер кој во 110. минута израмни на 3:3.

И додека сѐ уште на малите екрани одеше реприза од голот на голгетерот на Баерн, Ривера во наредната минута погоди за 4:3 на воодушевување на неутралната мексиканска публика, резултат кој се покажа како конечен.

Remote video URL

Италија отпатува во финалето кое го загуби од Бразил со 4:1, додека Западна Германија ја освои бронзата совладувајќи го Уругвај со минимални 1:0. Но, и двете репрезентации се вратија дома со едно непланирано признание. Мексиканската публика, а и оние крај малите екрани (ова беше прв Мундијал пренесуван во боја) го оценија нивниот натпревар како најдобар во историјата на фудбалот. На стадионот беше поставена плакета во сеќавање на легендарната пресметка, најдобриот натпревар на 20. век.

Стадионот Астека им оддава почит на репрезентациите на:
Италија (4) и Германија (3)
протагонисти на Мундијалот во 1970, во
„Натпреварот на векот“
                                              17 јуни 1970

Од 7 постигнати голови, дури 5 беа во продолженијата од двапати по 15 минути, рекорд кој до ден денес не е урнат.

URL
реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Read more

Фудбал

УЕФА го суспендираше Еми Мартинес

Read more

Пиоли ќе добие отказ, постои список со 5 имиња за негов наследник

Read more

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Read more

Баерн извиси

Read more
 

Спорт

УЕФА го суспендираше Еми Мартинес

Читај повеќе
  • play_arrow

Верстапен на пол-позицијата во Кина, Хамилтон ќе стартува од 18. место

Читај повеќе
  • play_arrow

Мајами и Њу Орлеанс последни учесници во плеј-офот, крајот за Чикаго и Сакраменто

Читај повеќе

Пиоли ќе добие отказ, постои список со 5 имиња за негов наследник

Читај повеќе

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Читај повеќе

Баерн извиси

Читај повеќе

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Читај повеќе

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Читај повеќе

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Читај повеќе