Времеплов: Како чкрипеа гумите во Монако 1962?
Трките на Формула 1 денес привлекуваат огромен број фанови, но мора да се признае дека пред 56 години ова натпреварување беше многу поинтересно и повозбудливо.
Како изгледаше Формула 1 во почетокот на 60-тите најдобро може да видите од оваа висококвалитетна снимка направена пред повеке од половина век со филмска камера од 70 мм. Снимката е дел од германски документарен филм од 1962 година, а кадрите од стазата во Монако за време на тркачкиот викенд во почетокот на јуни се снимани од автомобил во движење, покрај стазата и од хеликоптер.
Трката за Големата награда на Монако се одржа на 3 јуни, 1962 година, а победи Брус Мекларен со болидот Cooper-Climax.