ФИФА СВЕТСКО ПРВЕНСТВО ЈУЖНА АФРИКА 2010

Времеплов: Кога Африка испиша фудбалска историја

Филип Здравески
/ 11.06.2020 / 16:06

Пред точно 10 години стартуваше првото ФИФА Светско првенство на африканскиот континент со натпреварот на домаќинот Јужна Африка и Мексико.

Сонот на Африканците стана јаве тоа јунско пладне кога на преполниот „Сокер Сити“ стадион во Јохансбург, пригушен од звукот на стотиците вувузели и под будното око на узбекистанскиот судија Равшан Ирматов, популарните „Бафана Бафана“ трганаа во налет кон мексиканскиот гол.

Публиката од 84 и пол илјади гледачи еруптираше во 55. минута кога Кагишо Дихашуа од средината на теренот го проигра во фор брзоногиот Сипиуе Чабалала, кој откако не ѝ даде шанса на мексиканската одбрана да го стигне, со топовски удар го разби голот на Оскар Перес. Голот го прославија со африкански танц покрај аут линијата.

URL

Во 79. минута Рафаел Маркес израмни на 1:1 на разочарување на домашната публика, не оставајќи Африканците да се израдуваат на победа во првиот мундијалски натпревар на домашно тло.

На овој натпревар рекорд постави и бразилскиот тренер Карлус Алберту Парејра кој како селектор на домаќините се појави на шесто Светско првенство. Претходно ги водеше Кувајт во 1982, ОАЕ 1990, Бразил 1994 и 2006, како и Саудиска Арабија во 1998.

URL

Јужна Африка ова реми подоцна го плати со елиминација. Следуваше пораз од силниот Уругвај со 3:0, а во последното коло со пирова победа од 2:1 над Франција стана првата земја домаќин која не успеала да ја мине првата фаза. За утеха им беше големата победа над великанот Франција со Рибери, Анри, Љорис, Галас, Сања, Сисе, Малуда, која доживеа дебакл пакувајќи се за дома без ниту една победа.

реклама

Фудбал

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Read more

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Read more

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Read more

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Читај повеќе

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Читај повеќе

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Читај повеќе
  • play_arrow

Тео, Думфрис и исмејување: 3 работи од Милан - Интер што не ги видовме на ТВ

Читај повеќе

Репрезентациите на ЕУРО со 26 наместо со 23 играчи?

Читај повеќе