Времеплов: Кога Сити стави голман во нападот за да победи

Кој се сеќава на натпреварот на кој голман играше како напаѓач? И тоа не било кој натпревар и не во која било лига. Постарите веројатно знаат за што станува збор, помладите сега ќе дознаат неверојатна приказна од пред 20 години.

Оваа случка беше во Премиер лигата во сезоната 2004/2005, во вомент кога титулата веќе беше решена во корист на Жозе Мурињо во неговата прва сезона на Островот.

Ливерпул се подготвуваше да игра во финалето на Лигата на шампионите за да ја расипе историската сезона на својот сосед Евертон, кој заврши на четвртото место.

Во последното коло се играше натпреварот помеѓу Мидлсброу и Манчестер Сити. На „Граѓаните“ им требаа трите бода, бидејќи победата ќе им дадеше шанса да играат во Европа.

Натпреварот се играше на стадионот „Итихад“, а Боро не беа лесен плен, со силен состав во тоа време.

Австралиецот Марк Шварцер беше на голот, Гарет Саутгејт во одбраната (до ЕУРО 2024 беше селектор на Англија), а искусни играчи како Реј Парлур (поранешен играч на Арсенал) и Боудевајн Зенден беа во средниот ред. Напред беше Џими Флојд Хаселбенк, кој го постигна воведниот гол во 23. минута.

Сити тргна силно во вториот дел. Џои Бартон асистираше за Кики Мусампа, кој го постигна израмнувачкиот гол за 1:1.

Стјуарт Пирс знаеше дека резултатот не е доволен, а имаше останато само 10 минути од натпреварот.

Публиката беше збунета кога резервниот голман Ники Вивер се подготвуваше да влезе во игра. Дејвид Џејмс се повредил? Не, воопшто не!

Играчот од средниот ред Клаудио Реина (Американец и татко на Џовани Рејна, сегашниот играч на Борусија Дортмунд) беше тој што требаше да излезе, а на негово место требаше да игра Дејвид Џејмс.

Тоа беше иконски момент, каде што тренерот можеби се обидуваше да внесе немир кај противникот со надеж дека ќе се квалификува за Купот на УЕФА.

Можеби затоа го претпочиташе Дејвид Џејмс пред шкотскиот напаѓач на клупата, Џон МекГин, кој беше купен за 5 милиони фунти.

Движењата на Џејмс беа катастрофални, па дури можеше да биде и исклучен. За комплетирање на бизарното сценарио, Сити доби пенал во последните минути, но Роби Фаулер го промаши.

Тоа беше еден од најчудните натпревари во историјата на Премиер лигата, а Џејмс никогаш повеќе не заигра како напаѓач.

Инаку, Џејмс беше долгогодишен репрезентативец на Англија, запиша 53 настапи, а беше дел од Мундијалите 2002, 2006 и 2010, како и ЕУРО 2004.

реклама

Фудбал

Шкендија ќе игра против Самсунспор во плејофот од Конференциската лига

Read more

Ловрен: Поразот во финалето на Мундијалот 2018 можеби беше политичка одлука

Read more

Милан испрати понуда до Партизан за Андреј Костиќ

Read more

Роналдо е најплатен спортист во 2025 година, заработи двојно повеќе од Меси

Read more
 

Спорт

Шкендија ќе игра против Самсунспор во плејофот од Конференциската лига

Читај повеќе
  • play_arrow

Ловрен: Поразот во финалето на Мундијалот 2018 можеби беше политичка одлука

Читај повеќе

Синер: Допинг скандалот и казната ме направија уште посилен

Читај повеќе
  • play_arrow

Уште во јануари падна забивањето на годината: Бекот на Орландо овековечи четворица на постер

Читај повеќе

Милан испрати понуда до Партизан за Андреј Костиќ

Читај повеќе

Роналдо е најплатен спортист во 2025 година, заработи двојно повеќе од Меси

Читај повеќе
  • filter

Времеплов: 76 години од потегот што го инспирираше логото на Panini

Читај повеќе

Баерн подготвува сензационален трансфер на Фернандеш

Читај повеќе
  • play_arrow

Боно со чудесна одбрана го однесе Мароко во финалето на АФКОН

Читај повеќе