Времеплов: Пред 10 години Пандев ја освои Лигата на шампиони

На денешен ден во 2010 година Горан Пандев стана третиот Македонец што го освоил најреномираното клупско натпреварување на УЕФА.

Таа мајска вечер на стадионот „Сантјаго Бернабеу“ во Мадрид нашиот Гоче беше во стартниот состав на Интер, тогаш предводен од Жозе Мурињо. Противник беше баварскиот гигант Баерн.

Пандев играше како десно крило и заедно со Самуел Ето, кој беше лево, му даваа поддршка на истурениот голгетер Диего Милито. Токму Аргентинецот ги постигна двата гола со кои Интер победи и го зграпчи вредниот пехар.

Филип Лам стартува над Пандев

Струмичанецот играше до 79. минута кога беше заменет со Сули Мунтари. Тоа се случи 9 минути откако Милито зголеми на 2:0, па Мурињо како превентива внесе играч со дефанзивни задачи.

Пандев во дуел со Томас Милер

Пандев е вкупно третиот Македонец кој станал клупски шампион на Европа. Пред него тоа им успеа на Илија Најдоски и Дарко Панчев кои во 1991 година со Црвена звезда на пенали го совладаа Олимпик од Марсеј во финалето од тогашниот Куп на шампионите.

Таа 2010 година за Пандев беше и тоа како успешна. Покрај Лигата на шампиони, тој во црносиниот дрес ги освои и Копа Италија, Серија А и Светското клупско првенство.

Remote video URL
реклама

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more

Адвокат советува на кое прашање никогаш да не одговарате кога кога ќе ве запре полиција

Read more

Ослободете се од пајаците во домот со природен лек

Read more

Фудбал

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Read more

ФФМ и федерациите од регионот му дадоа безусловна поддршка на Чеферин

Read more

Роналдо го сотре бившиот клуб

Read more

Испаѓањето на Сити донесе нов фаворит за освојување на ЛШ

Read more
 

Спорт

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Читај повеќе

ФФМ и федерациите од регионот му дадоа безусловна поддршка на Чеферин

Читај повеќе

Откриено зошто Денвер го избрал Јокиќ наместо Нуркиќ во 2017

Читај повеќе

Роналдо го сотре бившиот клуб

Читај повеќе

Испаѓањето на Сити донесе нов фаворит за освојување на ЛШ

Читај повеќе

Пеп: Во кој било друг спорт ќе победевме

Читај повеќе

Судиите во Украина пред натпревар ќе одат на полиграф

Читај повеќе

Салцбург се израдува на испаѓањето на Арсенал - му донесе пласман на клупскиот Мундијал

Читај повеќе

Нојер го урна рекордот на Касиљас во Лигата на шампионите

Читај повеќе