Времеплов: Пред 3 години Вардар го постигна првиот гол во Лига Европа
Со прекрасниот лоб на Хуан Фелипе, Вардар стана прва македонска екипа која постигнала гол во групната фаза од Лига Европа.
Таа незаборавна есен „Црвени-црните“ испишаа историја во македонскиот клупски фудбал откако успеаја да ги минат квалификациите и да дојдат до фазата по групи.
Таму, во 2. коло Вардар гостуваше во Трондхејм кај Розенборг и губеше со 3:0 кога бразилскиот виртуоз Хуан Фелипе во судиското надополнување со мајсторски лоб удар ја затресе мрежата на Норвежаните, испишувајќи историја.