Врие во ФФМ: Членови на УО бараат итна седница незадоволни од претседателот Сејдини

Членови на Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија покренаа барање за свикување седница.

Како што истакнуваат, ова тело на ФФМ подолго време нема одржано состаноци, а првиот човек на Федерацијата преку Комитетот за итност ги решава проблематиките. Според нив, чашата е прелиена по серијата соопштенија на веб-страницата на ФФМ преку кои се објавуваа пораки кон државните институции, а без притоа да се информира раководството на Федерацијата и да се свика УО на ФФМ околу заеднички став и координација.

Иницијаторите се повикуваат на член 103 став 2 и став 3 од Статутот на ФФМ за закажување седница.

На брањето покренато на 29 октомври, а верификувано денеска во Архивата на Федрацијата, се потпишани 10 членови на УО од вкупно 17 со претседателот на ФФМ.

Иницијаторите за свикување на седница на УО констатираат дека условот е исполнет со потпишувањето на 10 членови.

„Евидентно е дека условот за закажување седница на Управниот одбор на ФФМ е исполнет и согласно тоа бараме од Вас во дадениот рок да закажете седница“, велат во барањето иницијаторите од УО на ФФМ и нагласуваат:

„Исто така бараме од вас да бидеме благовремени и согласно Статутот на ФФМ известени за времето и местото на одржување на седницата. Поради учетсво во составување на дневниот ред на седницата, а согласно член 108 став 2 од Статутот на Фудбалската федерација на Македонија“.

Муамед Сејдини без да го информира УО на ФФМ замина во Нион, а потоа објави сооштение преку кое се наведе дека УЕФА го осудува мешањето на политиката во Федерацијата без притоа да се образложат факти и докази дека такво нешто постои во Македонија и ФФМ.

Итна седница на УО на ФФМ треба да свика Муамед Сејдини за да се соочи со останатите членови од УО кои се разочарани од последните потези на првиот човек на Федерацијата за чие што самоволие и со оставка од пред неколку недели се јави и спортскиот директор Дени Масев.

Во продолжение на текстот и одлуката и барањето на членовите од УО до службите на ФФМ со нивни потписи за свикување на итна седница на ова тело на Федерацијата.

„Очајните обиди да го доврши мандатот и да направи фудбалска криза нема да му успеат на Муамед Сејдини и неговите советници кои сакајќи да исценираат проблеми сакаат со измислици и кодошења да ѝ наштетат на државата кај УЕФА и ФИФА кои побараа и ќе добијат средба со државните институции. Време е и во Нион да добијат докази околу сите матни збрки поврзани со Федерацијата и кој тоа навистина имал политички активности пред и по парламентарите избори иако е строго забрането претседател на ФФМ да има такви агенди“, истакнуваат членовите на УО потписници на барањето.

Членовите на УО на ФФМ се оградуваат од содржината на соопштението објавено и на веб-страницата на ФФМ, а потоа и низ медиумите во Македонија.

„Се наведуваат работи за кои ние како членови на УО не ги знаеме и не сме информирани, а воедно и не ги поддржуваме. Истото соопштение и содржина се случуваат по посетата од страна на претседателот на Нион и притоа без истиот да нѐ информира нас како членови на УО на ФФМ. Воедно, не сме ни информирани а ниту консултирани за проблеми во Федерацијата за кои дознаваме од самото соопштение“.

реклама

BBC: Израелците беа убедени дека се недопирливи

Read more

Кафе едно евро, вино две: Која е европската дестинација со рајски плажи?

Read more

Најдени црните кутии: Откриен клучниот момент за падот на индискиот авион

Read more

Што ако Иран го затвори Ормутскиот Теснец?

Read more

Фудбал

Уапсени 12 навивачи во Грција: Дилале дрога, ограбувале, палеле...

Read more

Еми Мартинес на Олд Трафорд?

Read more

ФИФА во очај: Ни Меси не помага за продажба на влезници

Read more

Пеп ќе си замине ако нема чистка во Сити

Read more
 

Спорт

Уапсени 12 навивачи во Грција: Дилале дрога, ограбувале, палеле...

Читај повеќе

Еми Мартинес на Олд Трафорд?

Читај повеќе

Шокантна размена во НБА: Орландо ја донесе ѕвездата на Мемфис

Читај повеќе
  • play_arrow

Никола Јокиќ одмара во село со помалку од 100 жители

Читај повеќе

ФИФА во очај: Ни Меси не помага за продажба на влезници

Читај повеќе

Пеп ќе си замине ако нема чистка во Сити

Читај повеќе

Модриќ одби да помине медицински прегледи за Милан

Читај повеќе

Гатузо на чекор да стане селектор на Италија

Читај повеќе
  • play_arrow

Неочекуван херој ѝ донесе победа за водство на Индијана

Читај повеќе