Врвни солисти и диригенти во роденденската сезона на Македонската филхармонија

Во концертната сезона 2024/2025, во која Македонската филхармонија ќе го прослави својот 80-ти роденден, како најстара културна институција во земјата, публиката ќе има можност да проследи разновидна и внимателно одбрана програма, солисти и диригенти.

Новата сезона е насловена „Одисеја“, а симболиката на насловот се надоврзува на осумдесетте години активно музицирање на оркестарот и преку поднасловот – патување исполнето со музички авантури и предизвици. И насловите на концертите се извлечени од наслови на претходни сезони за да се сублимира осумдеценискиот континуитет на Македонската филхармонија.

Сезоната на Филхармонија започнува на 10 октомври со концертот насловен „Го славиме Јубилејот” на кој како солист ќе настапи нашата светски позната сопранистка Ана Дурловски, под диригентската палка на шеф – диригентот Јерухам Шаровски од Израел. На програмата е и премиерна изведба на делото „Шест едноставни песни“ за сопран и оркестар од Ерих Корнголд и Симфонијата во четири сцени „Манфред“ од Петар Илич Чајковски. Премиерно, на овој концерт ќе се изведе и дело од македонски автор кое ќе биде избрано на конкурсот за нарачка на композиции кој Македонската филхаромија го објави во мај оваа година.

На роденденскиот концерт на 28 ноември, насловен „80 години – Љубов“ како солист ќе настапи исклучителниот македонски пијанист Симон Трпчески, а диригент е Јерухам Шаровски од Израел. На програмата се премиерна увертира од македонски композитор, Концертот за пијано и оркестар во во а-мол од Едвард Григ, Симфонијата бр.1 „Титан“ од Густав Малер.

„На сцената, заедно со оркестарот на Македонската филхармонија во новата роденденска сезона ќе продефилираат уникатни индивидуалци како пијанистите Лука Дебарг и Петер Лаул, извонредниот виолинист Сергеј Малов кој воедно ќе се претстави како солист и диригент на концертот на 7 ноември; Роберт Бонфиљо – усна хармоника (САД), виолончелистката Моника Лесковар од Хрватска, виолинистката Алена Баева- Казахстан/Луксембург. На пултот пред нашиот оркестар за првпат ќе застане маестра Бар Авни од Израел, инаку лауреатка на престижниот натпревар Маестра во Париз и асистентка на славната диригентка Барабара Ханиган, како и маестро Конрад ван Алфен од Холандија, нашиот диригент Борјан Цанев, маестро Лубнан Баалбаки од Либан и Емил Табаков од Бугарија“, вели Александар Котевски, в.д. директор на Филхармонија.

И во вториот дел од сезоната, од јануари до јуни 2025 ќе настапат исклучителни солисти и диригенти, како виолинистот Марк Бучков од Белгија, врвната Селина От (труба) од Австрија, еден од најдобрите пијанисти на денешнината – Дмитри Маслеев од Русија и др. На Велигденскиот концерт, насловен „Per aspera ad astra“ за првпат во Македонија ќе прозвучи Големата миса во це-мол од Моцарт.

Целосната програма на концертната сезона „Одисеја“ до јуни 2025 година наскоро ќе биде објавена и во каталог и на веб страница на Филхармонија за публиката да може подобро да се запознае со настаните кои се составена дел од јубилејната сезона.

реклама

Почнува хаос: Нема струја во Шпанија, Португалија и Франција

Read more

Едно растение ги брка досадните муви пред да влезат во вашиот дом

Read more

Македонка во Шпанија: Струја уште нема, но нема ни паника, се почитуваат препораките од властите

Read more

Голем финансиски хороскоп за месец мај

Read more

Култура

Today It’s All About Jazz по деветти пат во Скопје

Read more

Скопски поетски фестивал покажува колку ни е потребна поезијата

Read more

Театарот Сенки и облаци гостуваше во Софија со претставата Свадби на животни и нешта

Read more

27 април 1952, роден е Горан Стефановски

Read more
 

Вести

Кривични пријави против двајца пензионери од МВР

Читај повеќе

Германија: Сакаме да станеме 'рбет на одбраната на Европа

Читај повеќе
  • filter

Македонка во Шпанија: Струја уште нема, но нема ни паника, се почитуваат препораките од властите

Читај повеќе

Португалците ја објавија причината за прекинот на струја

Читај повеќе

Today It’s All About Jazz по деветти пат во Скопје

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Скопски поетски фестивал покажува колку ни е потребна поезијата

Читај повеќе

Казни до 5.000 евра: Словенија забрани ароматизирани електронски цигари

Читај повеќе

Уникатното охридско кајче претставено на Меѓународниот саем за наутика во Белград

Читај повеќе

Путин најавува четиридневно примирје за Денот на победата над фашизмот

Читај повеќе