Вселенско тело налик планета ќе помине најблиску до Земјата од времето на неандерталците

Во далечните проостранства на Сончевиот Систем има многу мистериозни објекти, а сега еден од нив започна да се приближува до нашата планета.

Последните неколку години, научниците со голем интерес го следат вселенското тело со име 2014 UN271, што е малку преголемо за комета, а сепак е премало за да биде планета.

Неговата точна големина сè уште не е позната, но се проценува дека неговиот дијаметар е помеѓу 100 и 370 километри (најверојатно околу 160 км).

„Ова значи дека е сличен по големина или поголем од огромната комета C/1729 P1 и дека е веројатно најголемиот објект откриен некогаш во облакот Оорт - што речиси би можело да биде џуџеста планета!“, вели аматерскиот астроном Сем Дин.

Иако не е доволно голем за џуџеста планета, 2014 UN271 навистина може да биде најголемиот објект од облакот Оорт што сме го виделе досега. Оорт е сферичен облак (на сликата подолу) составен од комети и слични тела кои кружат околу Сонцето на растојание до една четвртина од растојанието на најблиските ѕвезди.

Повторно блиску за 612.190 години

2014 UN271 е поголем од рекордерот од модерното време, кометата Хејл-Боп (C/1995 O1), чијашто ширина беше околу 60 километри. Кометата од 1729 година (C/1729 P1) можеби имала дијаметар од 100 километри, но никогаш не се доближи од орбитата на Јупитер, а набљудувачите од тоа време не можеле да ја утврдат нејзината точна големина, пишува Sky & Telescope.

Ова тело ќе ѝ се приближи на Земјата најблиску во последните неколку стотици илјади години во 2031 година за време на својата орбита - ќе биде на исто растојание како Сатурн. Можеби на некои не им изгледа премногу близу, но всушност е изненадувачки кратко растојание доколку целиот Сончев Систем се земе како мерка.

Астрономите се надеваат дека тогаш ќе биде доволно јасно за непречено набудување на ова тело од Земјата, затоа што повторно ќе ни се доближи само за 612.190 години. За подобро да се илустрира колку време е ова, треба да се напомене дека осто толку време поминало од времето кога живееле неандерталците, до сега.

Посебна прилика

2014 UN271 има необична траекторија, односно орбита околу Сонцето што ја води низ сите делови на Сончевиот Систем. Понекогаш се наоѓа релативно близу до Сонцето, а понекогаш патува на самиот крај на нашиот Сончев Систем; флертувајќи со меѓуѕвездениот простор, пишува Futurism.

Тоа е исклучително редок настан за тело кое знае да орбитира толку далеку од нашата ѕвезда, да се пробие до внатрешниот дел на Сончевиот Систем. Затоа, ова ќе биде одлична можност за астрономите да го проучат изгледот и структурата на телата како 2014 UN271, без да треба да лансираат сонда во вселената и потоа да чекаат години и години за да достигне толку далечен дел од нашиот Сончев Систем.

реклама

Наука

Три популарни теории за тоа како почнал животот на Земјата

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

НАСА: Упс!

Read more

Најсилната соларна бура во историјата беше поголема отколку што мислевме

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Откриено тајно brutality за Mortal Kombat 1

Читај повеќе

Poetry Camera ги претвора фотографиите во поезија

Читај повеќе

Три популарни теории за тоа како почнал животот на Земјата

Читај повеќе

Grindr во центарот на скандал: Споделувале ХИВ статус на корисниците

Читај повеќе

Сондата Voyager 1 се „разбуди“ - повторно испраќа податоци од вселената

Читај повеќе

Европа е под топлотен стрес - се загрева најбрзо од сите континенти

Читај повеќе

На повидок нов револуционерен начин на потрага по вонземен живот

Читај повеќе

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Читај повеќе

Маж во Холандија имал ковид 613 дена: Пронајдени се над 50 мутации на вирусот

Читај повеќе