Вселенското летало Orion го собори рекордот на Apollo 13

Капсулата Orion на НАСА за време на викендот постави рекорд за најдалечно патување со вселенско летало што носи луѓе.

Orion, дел од мисијата Artemis 1 на НАСА, постави рекорд во саботата патувајќи подалеку од кое било вселенско летало дизајнирано да носи астронаути. Ова го собори рекордот поставен од мисијата Apollo 13 во 1970 година. Во саботата, Orion беше оддалеченo 401.798 километри од Земјата.

„Мисијата Artemis 1 беше дизајнирана да ги тестира системите на Orion и откривме дека далечната ретроградна орбита е добар начин да го направиме тоа. Се покажа дека со таа голема орбита високо над Месечината, успеавме да го надминеме рекордот на Apollo 13 Уште поважно, ја поместивме границата на истражување и испраќање вселенски летала подалеку од кога било досега“, рече Џим Гафре, менаџер за интеграција на вселенското летало Orion.

Рекордот на мисијата Apollo 13 не беше планиран, но беше забележан откако беше променет планот за враќање на командниот модул Odyssey, кој соодветно достигна оддалеченост од 400.171 километар од Земјата. Ограниченото количество кислород во лунарниот модул Aquarius ја принуди НАСА да го забрза враќањето на Apollo 13 на Земјата, па беше креиран план за летање кој ја искористи гравитацијата на Месечината за да го „испука“ модулот кон Земјата. Артуро Кампос создаде план за итни случаи, кој им овозможи на астронаутите Џим Ловел, Џек Свигерт и Фред Хејс да се вратат на Земјата.

Претходно Orion направи прелет над Месечината, а леталото се очекува да се врати на Земјата на 11 декември. Леталото ќе се урне во океанот на брегот кај Сан Диего.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Вести

Сондата Voyager 1 се „разбуди“ - повторно испраќа податоци од вселената

Read more

Европа е под топлотен стрес - се загрева најбрзо од сите континенти

Read more

На повидок нов револуционерен начин на потрага по вонземен живот

Read more

Маж во Холандија имал ковид 613 дена: Пронајдени се над 50 мутации на вирусот

Read more
 

Гик

Poetry Camera ги претвора фотографиите во поезија

Читај повеќе

Три популарни теории за тоа како почнал животот на Земјата

Читај повеќе

Grindr во центарот на скандал: Споделувале ХИВ статус на корисниците

Читај повеќе

Сондата Voyager 1 се „разбуди“ - повторно испраќа податоци од вселената

Читај повеќе

Европа е под топлотен стрес - се загрева најбрзо од сите континенти

Читај повеќе

На повидок нов револуционерен начин на потрага по вонземен живот

Читај повеќе

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Читај повеќе

Маж во Холандија имал ковид 613 дена: Пронајдени се над 50 мутации на вирусот

Читај повеќе
  • play_arrow

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Читај повеќе