Втор ден црна статистика во Шпанија: Расте бројот на смртни случаи од коронавирусот

Шпанија втор ден по ред регистрираше дневно зголемување на бројот на смртни случаи од новиот коронавирус по еднонеделно опаѓање, покажаа статистичките податоци што денеска ги објави шпанското Министерство за здравство.

Статистиката покажува дека 757 луѓе починале во изминатите 24 часа, што е зголемување од вчерашната регистрирана бројка – 743. Сепак, ова е зголемување од само 5,5% во однос на вкупниот број на починати пациенти со COVID-19.

Според Министерството за здравство, вкупно 14.555 луѓе починале досега од новиот коронавирус во Шпанија.

Бројот на активни случаи исто така се зголеми од 83.504 на 84.111, што е зголемување од 610 пациенти, но сепак најмало зголемување во речиси еден месец.

Министерството исто така пријави 48.021 оздравен пациент, што е за 4.813 повеќе во споредба со вчера.

Шпанските власти не го пријавија точниот број на пациенти со COVID-19 на интензивна нега, што се случува првпат откако почнаа да соопштуваат статистички податоци. Од Министерството велат дека тоа се должи на фактот дека сакаат да објавуваат збирни податоци за овие пациенти од сите 17 региони на Шпанија, но пет региони почнале да пријавуваат само актуелни случаи на пациенти на интензивна нега, а не вкупни. Додаваат дека ќе објават вакви податоци кога сите региони ќе почнат да ги пријавуваат случаите на ист начин.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Свет

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Read more

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Read more

САД ставија вето на приемот на Палестина во ОН

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе