Втор импичмент му дише во врат на Трамп

МИА/КАЈГАНА
/ 14.01.2021 / 08:29

По синоќешното гласање за импичмент на американскиот претседател Доналд Трамп во Претставничкиот дом на САД, спикерката на Претставничкиот дом, Ненси Пелоси, повтори дека претседателот е отповикан затоа што поттикнуваше на бунт и оцени дека тоа претставува „актуелна закана за нацијата“.

Пелоси потоа пред новинарите ја потпиша одлуката на Долниот дом на Конгресот за отповикување на претседателот Трамп, што ќе биде испратена до Сенатот за натамошно постапување.

Откако ја потпиша одлуката Пелоси без збор или дополнителен коментар ја напушти салата за прес-конференции.

Вкупно 232 конгресмени во Претставничкиот дом гласаа „за“ повлекување, наспроти 197, додека четворица не гласаа, потврди CNN.

Remote video URL

Вкупно седум пратеници во Долниот дом на Конгресот немаат право на глас.

Ова не е првпат Трамп да се најде пред импичмент. Слична ситуација имаше во ноември, 2019, со таа разлика што сега се одбројува една недела до завршување на неговиот стандарден претседателски мандат.

Лидерот на републиканското мнозинство во Сенатот, сенаторот Мич Меконел, го отфрли барањето на демократите во петок на вонредна седница на Горниот дом на Конгресот, да се потврди импичментот на американскиот претседател Доналд Трамп изгласан од на мнозинството во Претставничкиот дом.

Во соопштението од канцеларијата на сенаторот Меконел се наведува дека лидерот на демократското малцинство во Сенатот, Зак Замер, денеска бил јасно информиран за оваа одлука.

Редовната седница на Сенатот е закажана за 19 јануари, што значи дека процесот на Сенатот за отповикување на Трамп нема да заврши пред првите денови од претседателскиот мандат на Џо Бајден, чија инаугурација е закажана за 20 јануари, пренесува CNN.

Информацијата дека нема да има вонредна седница на Сенатот дојде откако сенаторот Меконел во приватните разговори изразил уверување дека отповикувањето на претседателот ќе биде добар начин Трамп да се отстрани од Републиканската партија, што, пак, е знак дека дошло до драматични промени во односот меѓу Трамп и Меконел, поранешни блиски соработници.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Свет

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Read more

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Read more

САД ставија вето на приемот на Палестина во ОН

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more
 

Вести

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе
  • play_arrow

Мицкоски на чист бугарски јазик му кажа на Борисов дека го поддржува договорот, рече Пендаровски во Виница

Читај повеќе

Tesla отпушта 300 работници во фабриката кај Берлин

Читај повеќе

Променливо облачно и посвежо време, температури до 18°C

Читај повеќе