Втор месец по ред ова е најгледаната серија на Netflix

Порталот Newsweek објави кои серии беа најгледани на Netflix во текот на ноември. Иако многумина очекуваа тоа да биде јужнокорејската серија „Hellbound“, која во рекордно време ја надмина „Squid Game“, сепак изгледа дека не е така.

Иако моментално на Netflix најмногу се гледа „Hellbound“, која почна да се прикажува на 19 ноември, според извештаите на месечна база, најгледана серија во текот на ноември е токму Squid Game.

Оваа јужнокорејска серија на Netflix почна да се прикажува на 17 септември, а нејзината популарност очигледно не е падната ни по два месеци од прикажувањето.

Како што е веќе познато, дејството во серијата прикажува стотина луѓе кои се натпреваруваат во смртоносни верзии на детски игри за да освојат парична награда. Оваа серија два месеци по ред е најгледана на Netflix.

Remote video URL

На второто место е серијата „You“, чија трета сезона излезе во октомври. По „You“ и „Squid Game“, најгледана серија овој месец е и „Arcane“, анимирана драма чие дејство се довива во вселената. Популарна е и мини серијата „Maid“.

Меѓу најгледаните серии во ноември се и „Narcos: Mexico“, „Dynasty“, „Hellbound“, „Hometown Cha-Cha-Cha“, „Locke & Key“ и „Cowboy Bebop“.

Серијата „Hellbound“ секој ден бележи сè поголема популарност и дојде на прво место во  региони како Јужна Кореја, Мексико и Белгија и е меѓу првите три најгледани во САД, Канада и Германија.

Remote video URL
Тагови
реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Филм & ТВ

Леонардо Дикаприо го игра Френк Синатра во новиот филм на Скорсезе

Read more

Повторно зад решетки: Уапсен актерот Сергеј Трифуновиќ

Read more

Лажен трејлер за новиот Џејмс Бонд доби милиони прегледи: Го сакаме него!

Read more

Роберт де Ниро откри кои му се најомилените актери на сите времиња

Read more
 

Сцена

Леонардо Дикаприо го игра Френк Синатра во новиот филм на Скорсезе

Читај повеќе

Повторно зад решетки: Уапсен актерот Сергеј Трифуновиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Лажен трејлер за новиот Џејмс Бонд доби милиони прегледи: Го сакаме него!

Читај повеќе

Роберт де Ниро откри кои му се најомилените актери на сите времиња

Читај повеќе

Зошто Кевин Костнер одби да му даде улога на Крис Хемсворт во својот филм?

Читај повеќе

Хенри Кавил ќе стане татко – чекаат бебе со девојката Натали

Читај повеќе
  • play_arrow

Сила и Нервоза е насловот на новиот заеднички сингл на Суперхикс и Фолтин

Читај повеќе
  • play_arrow

Пластичен хирург откри какви зафати направила Анџелина Џоли

Читај повеќе

Реквизитерката на Rust осудена на 18 месеци затвор за смртта на снимателката

Читај повеќе